Народна
Дарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
Македонската фолк сцена доби уште една емоционална приказна преточена во песна. Познатиот пејач Дарко Билбиловски, чие име со години е синоним за свадбарска атмосфера и народна веселба, денеска ја промовираше својата најнова песна „Само да си моја“.
По низата хитови кои веќе одамна се пеат насекаде, од семејни веселби до големи прослави како „Народот се збира“, „Свадба правам синот го женам“, „Свадба македонска“, како и преработката на „Ој, девојче, девојче“ во соработка со Анета Мицевска, Билбиловски повторно погодува во срцето на публиката.

Новата песна „Само да си моја“ носи препознатлив звук, но и модерна продукција што ја прави блиска и до помладата публика. Зад музиката, текстот и аранжманот стои Јован Василевски, кој успеал да создаде емотивна и заразна мелодија што лесно се памети и уште полесно се пее.
Песната веќе на прво слушање освојува со својата искреност и љубовна порака, а познавачите велат дека има потенцијал да стане нов неизоставен дел од секоја македонска свадба. Со силна, емотивна интерпретација и препознатлив вокал, Билбиловски уште еднаш потврдува зошто важи за еден од најбараните фолк пејачи на домашната сцена.
Фановите веќе ја споделуваат песната на социјалните мрежи, а коментарите се едногласни, „Само да си моја“ е уште еден сигурен хит што ќе се слуша долго време.
Со ова издание, Дарко Билбиловски не само што ја продолжува својата успешна кариера, туку и покажува дека македонската фолк музика живее, се развива и секогаш наоѓа пат до срцата на луѓето.
Народна
„Фолк Фест Валандово 2026“ на 26 и 27 мај: Две вечери исполнети со македонска песна, емоции и нови хитови
Градот на калинките и годинава ќе биде домаќин на едно од најзначајните музички случувања во Македонија. На 26 и 27 мај ќе се одржи 39-тото издание на фестивалот „Фолк Фест Валандово 2026“, манифестација која со децении претставува симбол на македонската фолк музика, традиција и незаборавни мелодии.
Првата фестивалска вечер, која ќе се одржи на 26 мај на градскиот плоштад во Валандово, ќе биде посветена на безвременските валандовски хитови што оставиле длабока трага на македонската музичка сцена. Публиката ќе има можност повторно да ужива во добро познатите песни во изведба на еминентни музички имиња како Блага Петреска, Елена Велеска, Кате и Соната, Кристијан Божинов, Марјан Коцев и Мишко Крстевски. Во рамки на вечерта, мини концерт ќе одржи и еден од најактуелните фолк пејачи кај нас, Влатко Младиновски.
Посебен момент на вечерта ќе биде доделувањето на наградата за животно дело на легендарната Блага Петреска, како признание за нејзиниот долгогодишен придонес во македонската народна музика и богатото музичко наследство што го остави зад себе.

Главната фестивалска вечер ќе се одржи на 27 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, каде ќе бидат промовирани 20 нови композиции кои претендираат да станат идни хитови на македонската фолк сцена. На сцената ќе настапат добро познати музички имиња, но и млади таленти кои допрва го градат својот пат.

Меѓу учесниците се: Благица Калева, Нино Величковски, Ивана Серафимовска, Дејан Николовски – Чуле, Мишко Крстевски, Благоја Грујовски, Даце Николовски, Лени Партикова, Горан Тодоровски, Распеани Валандовчани и други.
За време на гласањето, публиката ќе има можност да ужива и во мини концертот на Ленче Кукиќ.

На официјалната прес-конференција во Скопје, организаторите најавија дека и ова издание ќе понуди врвна музичка програма и атмосфера препознатлива за Валандово. Свои обраќања имаа градоначалникот на Валандово Ѓоко Камчев, уметничкиот директор Илчо Јованов, техничкиот директор Ѓоко Павлов и извршниот директор Горјан Стојановски.
Двете фестивалски вечери ќе бидат емитувани на Македонската радио телевизија, а низ музичката приказна публиката ќе ја водат водителите Зоран Ѓорѓиев и Ели Танасковски.
На 26 и 27 мај Валандово повторно ќе стане центар на македонската фолк музика, место каде традицијата, емоцијата и новите музички приказни ќе се спојат во уште едно незаборавно фестивалско издание.
-
Шоу Бизпред 2 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Шоу Бизпред 4 неделиЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 1 месец„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Некатегоризиранопред 1 месецМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 3 неделиВаска Илиева – гласот што ја претвори македонската песна во идентитет
-
Шоу Бизпред 2 неделиЗона М1 се слуша и под вода – нова можност за пораки од дијаспората
-
Шоу Бизпред 4 денаАнтониа Гиговска повторно во трендинг модерната „Чукај, чукај“ стана хит
