Шоу Биз
Два светски гласа – еден Завет: Ана и Игор Дурловски со свој најголем концерт досега во Македонија!
„Пасворд продукција“ има особена чест да го најави и организира најголемиот концерт досега на двата најголеми оперски гласа кои Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6. декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски, придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани.

Низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ви презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска. Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love, до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да ве вратат дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од Tрст виа Скопје, па на крај сите заедно да си спомнеме за “Дејгиди луди млади години”. Една вечер, два гласа и ЗАВЕТ, кој овој брачен пар си го даде дека целото искуство собрано по светските сцени ќе се врати и ќе го претстави дома. Завет, дека македонскиот глас ќе се слушне насекаде низ светот. Завет за концерт кој доаѓа како круна на нивната 30 годишна работа и нивната љубов, еден кон друг и заедничката кон Македонија. За крајот на 2026-та еден е изборот, ЗАВЕТ – „од светот до изворот“.
Настан што не се случува секој ден, светски спектакл со она што Македонија го има како најдобро, ЗАВЕТ со македонски уметници на македонско тло! Влезниците се достапни во продажба преку MkTickets и нивната продажна мрежа.
Фото: Пасворд продукција
Шоу Биз
Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња
Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.
Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.



Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.




Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.
Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.
За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.
Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.
18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
