Поврзете се со нас

Шоу Биз

Ѕвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026

Објавено

на

Вистинскиот гламур е духовна елеганција. Тој се препознава во човек кој знае да прости, да сака без пресметка, да помогне без да очекува награда и да се радува на туѓата среќа. Таквиот човек не само што привлекува погледи, туку остава неизбришлива трага во срцата на луѓето. Неговата убавина не старее, затоа што доаѓа од душата.
Кога ќе се спојат летото и гламурот, се создава симбол на живот исполнет со светлина, љубов и хармонија. Тогаш човекот сфаќа дека најголемиот луксуз не е да биде восхитуван, туку да живее со чисто срце, со мирна совест и со душа што зрачи. Тоа е гламурот што не избледува, летото што никогаш не завршува и светлината што останува да живее во секое добро дело, во секоја искрена насмевка и во секое срце што знае да љуби.

Секој вторник со почеток од 20Ч до 24Ч Слушајте ја Ѕвездени носталгии на ЗОНА М1 РАДИО

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Од

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ