Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Северина со голем роденденски концерт на 5 декември во Скопје!

Објавено

на

На 5 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Северина ќе одржи голем солистички концерт во рамките на актуелната турнеја „Ja samo pjevam“. Оваа концертна вечер ќе има и посебна, роденденска димензија, бидејќи пејачката заедно со македонската публика ќе го прослави својот роденден, претворајќи го настапот во уште еден посебен момент за паметење.

Повеќе од три децении Северина успешно го одржува статусот на една од највлијателните и најпрепознатливи музички личности во регионот. Таа е уметник кој знае како да ги спои музиката, емоцијата, модата и спектаклот во единствена сценска приказна. Автентична, впечатлива и секогаш подготвена да ја изненади публиката, Северина останува верна на својот израз, без оглед на промените во музичките трендови.

Нејзината поврзаност со македонската публика е добро позната. Со години нејзините настапи во Македонија се проследени со голем интерес, исполнети сали и многу емоции. Токму затоа и претстојниот концерт во Скопје се очекува да биде вечер исполнета со добра музика, незаборавни рефрени и заедничко пеење.

Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбран репертоар, составен од нејзините најголеми хитови, но и понови музички остварувања. Сето тоа ќе биде надополнето со впечатлива сценографија, атрактивни светлосни ефекти и моќна звучна продукција, кои ветуваат вистински музичко-сценски спектакл.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што ја прави Северина посебна на сцената е нејзината непосредност и способноста да воспостави блиска врска со публиката. Нејзините концерти не се само низа изведени песни, туку вистински музички доживувања во кои публиката активно учествува, пее и ја споделува секоја емоција.

Ова се очекува да биде настан со високи продукциски стандарди и амбиција Скопје да биде домаќин на уште една голема регионална музичка вечер.

Реклама
Во Твоја Зона

Билетите се веќе во продажба! Сите заинтересирани можат да ги набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел Дајмонд.

На 5 декември Скопје ќе пее со Северина, а роденденската прослава во арената „Борис Трајковски“ ветува вечер за која долго ќе се раскажува!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

ЗАБАВНА

АРТЕ-ФАКТ СО ПРОМОЦИЈА НА „ВИСТИНА“ – МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ СО СВОЈА ПРВА АВТОРСКА ПЕСНА И ЈАСНА ПОРАКА

Објавено

на

Од

Младоста, ентузијазмот, љубовта кон музиката и желбата да се создава нешто свое се најдобриот рецепт за нови музички приказни. Токму една таква приказна испиша бендот Арте-Факт (Arte-fakt), кој во петокот, на 6 ноември, во скопскиот Public Room ја одржа промоцијата на видеоспотот за својата прва авторска песна „Вистина“.

Песната публиката првпат имаше можност да ја слушне на годинашното издание на фестивалот „Макфест“, каде што Арте-Факт се претстави со својот музички израз и успеа да обезбеди пласман во втората, ревијална вечер. Искуството од фестивалската сцена за младите музичари беше особено значајно, а позитивните впечатоци и поддршката од публиката им дадоа дополнителен мотив да продолжат по патот на авторското творештво.

Промоцијата во Public Room беше повеќе од обично претставување на нов видеозапис. Настанот беше замислен како можност за дружење, споделување впечатоци и разговор за целиот креативен процес што стои зад создавањето на „Вистина“. Во рамките на вечерта се одржа и панел-дискусија на која учествуваа членовите на бендот, продуцентот на песната Давор Јордановски, како и видео-продуцентот Александар Ристовски – Принц, заедно со дел од луѓето кои дадоа свој придонес и поддршка во реализацијата на проектот. Присутните имаа можност да поставуваат прашања и одблиску да дознаат повеќе за идејата, подготовките и работата зад песната и видеоспотот.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што заслужува посебно внимание е фактот дека зад ваквите проекти стојат млади луѓе кои не чекаат некој друг да им го отвори патот, туку самите се обидуваат да создаваат, да експериментираат и да го пронајдат своето место на музичката сцена.

Македонската музика има потреба од нови имиња, свежа енергија и авторски идеи, но пред сè има потреба од поддршка за оние кои се на почетокот на својот музички пат. Затоа, секој ваков чекор е важен, секоја нова песна е можност за нешто поинакво, а секоја сцена на која ќе застанат младите музичари е уште една можност нивниот талент да допре до публиката.

Арте-Факт со „Вистина“ го направи својот прв значаен авторски чекор. А кога зад желбата за успех стојат љубовта кон музиката, посветеноста и храброста да се создава сопствена приказна, тогаш вреди да им се даде простор и можност таа приказна да продолжи.

Реклама
Во Твоја Зона

Поддршката за младите музичари не е само аплауз за едно претставување, туку вложување во иднината на македонската музичка сцена.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ