Поврзете се со нас

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

„Златно славејче“ по 56-ти пат ги собира детските насмевки – 15 нови песни во ноември!

Објавено

на

Од

Постојат песни што не се забораваат, мелодии што остануваат во сеќавањата и фестивали кои за многу генерации претставуваат дел од најубавите спомени од детството. Еден од нив дефинитивно е „Златно славејче“, музичката манифестација која повеќе од половина век ја негува детската песна и ја слави радоста на најмладите.

Овој ноември, фестивалот се враќа со своето 56. издание, носејќи нова музичка приказна, 15 нови композиции и дури 70 златни славејчиња кои ќе ја исполнат сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Годинашниот репертоар повторно е создаден според детскиот свет, нивните интереси, љубопитност и секојдневни доживувања. Песните зборуваат за другарството, семејството, првачињата, Дедо Мраз, облачињата, хероите, но и за многу други теми кои на децата им се блиски и интересни. Меѓу авторите на новите композиции се Александар Митевски, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски, Драган Спасов – Дац, Ристо Самарџиев, Цане Петров и уште неколкумина познати музички имиња.

Реклама
Во Твоја Зона

За музичката реализација се погрижи студиото „Enterprise“ на Валентино Скендеровски, додека со хорот работи Катерина Баталаковска, а кореографијата е дело на Виолета Бајрам.

Фестивалските денови се закажани за 14 и 21 ноември, а публиката ќе има можност да избере еден од трите термини во секој од двата дена: 10:00, 14:00 и 17:00 часот.

Реклама
Во Твоја Зона

„Златно славејче“ одамна е многу повеќе од фестивал. Тоа е музичка традиција која ги поврзува генерациите, потсетувајќи ги возрасните на нивното детство, а на најмладите им подарува нови песни, убави спомени и можност да бидат дел од една посебна музичка приказна.

Затоа, ноември е месец за песна, детски гласови и искрена радост. Најмладите, заедно со своите родители, баби и дедовци, се поканети да бидат дел од 56. издание на фестивалот кој со децении докажува дека детската песна секогаш има свое посебно место.

Реклама
Во Твоја Зона

„Златно славејче 2026“ – затоа што детството е најубаво кога е исполнето со музика!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ