Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

„Меморија“ повторно пред скопската публика – Голем концерт на 23 октомври во „Јане Сандански“

Објавено

на

Еден од бендовите што оставија силна трага во македонската рок-музика, „Меморија“, се враќа пред својата публика со голем концерт во Скопје. На 23 октомври 2026 година, арената „Јане Сандански“ ќе биде местото каде што повторно ќе се слушнат песните со кои генерации растеа, се вљубуваа и создаваа свои музички спомени.

Концертот е најавен под мотото „Оганот кој сè уште силно гори“, а организаторите најавуваат вечер исполнета со македонски рокенрол, емоции и препознатливиот звук на „Меморија“. Настапот е замислен како музичко патување низ времето, со песни кои и денес имаат свое место кај публиката.

Овој концерт има и посебно значење бидејќи „Меморија“ на сцената ќе ја донесе приказната за македонската рок-музика, не само преку сопствениот репертоар, туку и преку композиции и моменти кои го одбележале периодот во кој се создавал македонскиот рок. Најавено е концертот да има аудио-визуелен концепт, со сценска продукција и специјални гости.

Реклама
Во Твоја Зона

Покрај хитовите на „Меморија“, на концертот ќе биде оддадено внимание и на музичарите и авторите кои го граделе рок-звукот во Македонија од шеесеттите и седумдесеттите години, па сè до периодот кога се појавува самата „Меморија“. Дел од вечерта ќе биде посветен и на Тоше Поп Симонов, чии песни ќе бидат повторно изведени пред публиката. Големиот концерт е дел од поширок проект поврзан со историјата на бендот и македонската рок-сцена. Во подготовка е и документарен серијал во 12 епизоди, во кој свои сеќавања, разговори и настапи ќе имаат повеќе значајни имиња од македонската рок-музика.

„Меморија“ – „Оганот кој сè уште силно гори“ ќе се одржи на 23 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Реклама
Во Твоја Зона

Билетите се во продажба, со цени од 600 до 1.000 денари, според достапните информации за настанот.

Вечер за потсетување на едно музичко време, но и за нова средба со песните кои одамна станаа дел од македонската рок-историја.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

ЗАБАВНА

АРТЕ-ФАКТ СО ПРОМОЦИЈА НА „ВИСТИНА“ – МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ СО СВОЈА ПРВА АВТОРСКА ПЕСНА И ЈАСНА ПОРАКА

Објавено

на

Од

Младоста, ентузијазмот, љубовта кон музиката и желбата да се создава нешто свое се најдобриот рецепт за нови музички приказни. Токму една таква приказна испиша бендот Арте-Факт (Arte-fakt), кој во петокот, на 6 ноември, во скопскиот Public Room ја одржа промоцијата на видеоспотот за својата прва авторска песна „Вистина“.

Песната публиката првпат имаше можност да ја слушне на годинашното издание на фестивалот „Макфест“, каде што Арте-Факт се претстави со својот музички израз и успеа да обезбеди пласман во втората, ревијална вечер. Искуството од фестивалската сцена за младите музичари беше особено значајно, а позитивните впечатоци и поддршката од публиката им дадоа дополнителен мотив да продолжат по патот на авторското творештво.

Промоцијата во Public Room беше повеќе од обично претставување на нов видеозапис. Настанот беше замислен како можност за дружење, споделување впечатоци и разговор за целиот креативен процес што стои зад создавањето на „Вистина“. Во рамките на вечерта се одржа и панел-дискусија на која учествуваа членовите на бендот, продуцентот на песната Давор Јордановски, како и видео-продуцентот Александар Ристовски – Принц, заедно со дел од луѓето кои дадоа свој придонес и поддршка во реализацијата на проектот. Присутните имаа можност да поставуваат прашања и одблиску да дознаат повеќе за идејата, подготовките и работата зад песната и видеоспотот.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што заслужува посебно внимание е фактот дека зад ваквите проекти стојат млади луѓе кои не чекаат некој друг да им го отвори патот, туку самите се обидуваат да создаваат, да експериментираат и да го пронајдат своето место на музичката сцена.

Македонската музика има потреба од нови имиња, свежа енергија и авторски идеи, но пред сè има потреба од поддршка за оние кои се на почетокот на својот музички пат. Затоа, секој ваков чекор е важен, секоја нова песна е можност за нешто поинакво, а секоја сцена на која ќе застанат младите музичари е уште една можност нивниот талент да допре до публиката.

Арте-Факт со „Вистина“ го направи својот прв значаен авторски чекор. А кога зад желбата за успех стојат љубовта кон музиката, посветеноста и храброста да се создава сопствена приказна, тогаш вреди да им се даде простор и можност таа приказна да продолжи.

Реклама
Во Твоја Зона

Поддршката за младите музичари не е само аплауз за едно претставување, туку вложување во иднината на македонската музичка сцена.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ