Поврзете се со нас

Шоу Биз

Скопје повторно пулсира во ритамот на регионот – Седмото издание на Скопскиот градски фестивал носи премиери и нови музички соработки

Објавено

на

Од 18 до 25 септември, Скопје ќе биде домаќин на седмото издание на „Скопскиот градски фестивал“, манифестација која и годинава ја става авторската музика, регионалната соработка и новите уметнички идеи во центарот на вниманието.

Фестивалот носи уметници од шест земји – Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, а програмата е исполнета со премиерни изведби, нови музички средби и проекти што ги поврзуваат различните музички традиции.

Меѓу најавените настапи е концертот на Васко Атанасовски и „Полифонија“, кои ќе понудат авторска музика и звук инспириран од балканската музичка традиција.

Посебно внимание привлекува и соработката меѓу Мартин Ѓаконовски, Gent Rushi и Thanos Stavridis. Тројцата музичари создаваат ново дело специјално за фестивалот, кое премиерно ќе биде изведено во Скопје.

Реклама
Во Твоја Зона

Во програмата се најавени и настапите на Милјана Николиќ со проектот „Балкански композитори“, како и самостоен концерт на Мухамед Ибрахими. Публиката ќе има можност да ја проследи и концертната промоција на албумот „Beyond The Silence“ на Антонио Илиоски и Јана Василева Лолова.

Фестивалската програма ќе донесе музика и на отворено. На 20 септември, на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, ќе настапи младата скопска група „Фрекфенција“, составена од ученици од основно училиште.

Реклама
Во Твоја Зона

Со својата седма фестивалска приказна, „Скопскиот градски фестивал“ продолжува да го збогатува културниот живот на Скопје, отворајќи простор за нови музички изрази, авторски проекти и соработки што го поврзуваат регионот преку уметноста.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Македонска песна во холивудски филм – „На Струга дуќан да имам“ стаса до Холивуд

Објавено

на

Од

Македонската традиционална музика добива уште едно интересно место на светската филмска сцена. Една од песните што со децении е дел од македонското музичко наследство – „На Струга дуќан да имам“ – се слуша во американскиот филм „The Rivals of Amziah King“, во кој главните улоги ги толкуваат познатите актери Метју Меконахи и Курт Расел.

Станува збор за американски неовестерн трилер во режија на Ендру Патерсон, а токму изборот на македонската песна му дава специфичен музички печат на дел од филмот. Иако приказната и музичкиот концепт се силно поврзани со американската блуграс и рутс традиција, во филмот се појавува звук кој доаѓа од сосема поинаков музички простор.

Верзијата на „На Струга дуќан да имам“ која е употребена во филмот е аранжирана од Етел Рејм, а ја изведува Женскиот вокален ансамбл „Китка“ од Оукленд, Калифорнија, заедно со Шира Камен и Питер Маунд. Ансамблот е посветен на источноевропските женски вокални традиции, што дополнително го објаснува начинот на кој македонската песна е вклопена во музичкиот амбиент на филмот.

Реклама
Во Твоја Зона

Особено впечатлив е начинот на кој традиционалната мелодија функционира во филмскиот контекст. Нејзините вокални хармонии и карактеристичниот 7/8 ритам носат препознатлива динамика, но и чувство на движење и напнатост, создавајќи атмосфера која се разликува од доминантниот американски музички израз во филмот.

„На Струга дуќан да имам“ е песна која во македонската традиција одамна ги надминала границите на едно место или една генерација. Во нејзината основа е љубовната приказна, разиграна и ведра, но со силна емотивна порака. Стихот „срцево ми го изгоре“ ја носи страста и копнежот на момчето кое ја очекува својата сакана да помине покрај него.

Реклама
Во Твоја Зона

Најпознатата верзија е поврзана со Струга, но песната низ времето добила и други локални варијанти, во кои се споменуваат различни македонски градови и маала.

Фактот што токму ваква песна нашла свое место во американска филмска продукција е уште еден пример како традиционалниот македонски музички израз може да најде пат до публика далеку надвор од Балканот.

Реклама
Во Твоја Зона

Филмот „The Rivals of Amziah King“ од 14 август се прикажува во американските кина, а македонската песна во неговиот саундтрак веќе привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што е споделена и сцената во која се слуша нејзината изведба.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ