Поврзете се со нас

Народна

Наум Петрески и Зуица Лазова горди на својата ќерка

Објавено

на

Македонка Петреска, ќерката на Наум Петрески и Зуица Лазова дипломираше на Факултетот за музичка уметност

Скопје, 20 јуни 2025 – Младата и талентирана Македонка Петреска, ќерката на познатиот македонски естраден уметник Наум Петрески и нашата естрадна уметничка Зуица Лазова, успешно дипломираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со тоа, таа заокружи едно важно поглавје во својата образовна и уметничка кариера, подготвена да го продолжи патот на музичката традиција во која е израсната.

Реклама
Во Твоја Зона

Македонка, која уште од најмали нозе покажувала љубов кон музиката, избра да го следи гласот на срцето и семејната пасија. За време на своите студии се истакна како посветен и креативен студент, активен учесник во бројни концерти, камерни изведби и музички настани. Нејзините професори велат дека таа поседува ретка комбинација од дисциплина, емоционална длабочина и автентичен глас.

„Горда сум на сѐ што постигнав до сега, но ова е само почеток. Музиката за мене е начин на живот, а дипломата е чекор поблиску до тоа да можам да ја споделувам својата уметност со публиката,“ изјави Македонка по свеченото доделување на дипломите.

Реклама
Во Твоја Зона

Таткото, Наум Петрески, не го крие своето задоволство и емоции, споделувајќи на својот Фејсбук профил, видеа од дипломските изведби на неговата ќерка.

Македонската музичка сцена добива нов глас – млад, автентичен и полн со емоција. Со оглед на нејзините корени и талентот што веќе го покажа, од Македонка Петреска се очекува многу во иднина.

Реклама
Во Твоја Зона

Да напоменеме дека и синот на Наум Петрески и Зуица Лазова оди по музичкиот пат, тој заврши прва година во ДМБУЦ Илија Николовски Луј , во фоклорниот оддел, Стефан е единствен од децата кој директно го изучува фолклорот.

Тато Наум и мама Зуица навистина има со што да се гордеат, а Македонската музичка сцена ,може со гордост да се радува на вакви таленти кои ќе ја освојуваат.

Реклама
Во Твоја Зона


Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

Со нови песни и силни емоции заврши 39. издание на „Фолк Фест Валандово“

Објавено

на

Од

Со многу емоции, нови песни и преполна фестивалска атмосфера, Валандово и оваа година беше центарот на македонската народна музика. На 39. издание на „Фолк Фест Валандово 2026“, кое се одржа на 27 мај, публиката уживаше во вечер исполнета со новокомпонирани песни, познати музички имиња и моменти што долго ќе се паметат.

На сцената беа претставени 20 нови композиции, кои донесоа спој на традиционален мелос и современ музички израз. Дел од учесниците кои настапија пред валандовската публика беа Нино Величковски, Василија Петрова, Драган Даце Николовски, Благица Калева, Благоја Грујовски, Христијан Божинов-Кико, Ивана Серафимовска, Ангела Влинтовска и многу други изведувачи кои со своите песни внесоа посебна енергија на фестивалската сцена.

Особено внимание привлече песната „Градче мое убаво“ во изведба на Христијан Божинов-Кико, која на крајот ја освои првата награда и беше прогласена за најдобра песна на фестивалот. Второто место ѝ припадна на Благица Калева со „Солзи немам“, додека третата награда ја добија Анета Љумаковска, Јане Динев и „Анета Бенд“ за песната „После сè“.

Покрај главните награди, беа доделени и признанија за најдобар текст, музика, аранжман и интерпретација. Наградата за текст ја освои Томислав Коцевски – Пепси за „Жено неверна“, а признанието за најдобра интерпретација повторно замина во рацете на Благица Калева.

Фестивалските случувања започнаа уште ден претходно, кога на градскиот плоштад во Валандово се одржа предфестивалска вечер посветена на старите валандовски евергрини. Настанот беше збогатен и со концерт на Влатко Миладиновски, кој создаде одлична атмосфера меѓу присутните.

Еден од најемотивните моменти на фестивалот беше доделувањето на наградата за животно дело на легендарната Блага Петреска. Публиката со голем аплауз ја поздрави пејачката, а нејзината изведба на „Ти ме предаде“ донесе силни емоции и потсети на безвременските вредности на македонската народна песна.

Во ревијалниот дел настапи и Ленче Кукиќ со мини концерт, дополнително збогатувајќи ја музичката вечер која уште еднаш покажа дека „Фолк Фест Валандово“ останува еден од најзначајните музички фестивали во земјава.


На фестивалот присуствуваше и претставничката на Радио Зона М1, Биљана Коцева-Алексова, која ги сподели своите позитивни впечатоци од организацијата, атмосферата и енергијата што владееше меѓу публиката и учесниците.

По уште едно успешно издание, остануваат новите песни кои веќе го пронаоѓаат патот до публиката, а Валандово уште еднаш потврди дека е дом на македонската фолк музика.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ