Шоу Биз
Маја Беровиќ со новите песни како продолжение на албумот ,,X”
Маја Беровиќ е една од попознатите естрадни уметнички од Балканот, и иако нејзината музика и имиџ се често поврзани со провокативни теми, таа е позната по својот уникатен стил и способност да го сврти кон себе вниманието на јавноста. Беровиќ, која стана позната благодарение на својот карактеристичен музички правец и изведби, е исто така и популарна по својот изглед и тетоважи, една од тие тетоважи е истетовиран пиштол на препоните, сето тоа ја прави интересна фигура во медиумите.

Пред од прилика еден месец Маја на својот Инстаграм профил го најави вториот дел од албумот ,,X”, прашувајќи ги своите фанови – Дали сте спремни за вториот дел на албумот? Јас едвај чекам.
Коментарите на нејзините фанови беа со признаа дека едвај чекаат, и веруваат во тоа дека ќе грми Балканот, ќе се види кој тоа доминира на музичката сцена.

Токму денес се случи тоа, излегоа на виделина нови пет песни, како продолжение на албумот ,,X”, песните носат наслов ,,Сине туѓине”, ,,Не иди”, ,,Бла бла бла”, ,,Путин” и ,,Хохштаплер”.
Останува да видиме каков впечаток ќе остават овие нумери кај фановите и публиката воопшто
Шоу Биз
Македонска песна во холивудски филм – „На Струга дуќан да имам“ стаса до Холивуд
Македонската традиционална музика добива уште едно интересно место на светската филмска сцена. Една од песните што со децении е дел од македонското музичко наследство – „На Струга дуќан да имам“ – се слуша во американскиот филм „The Rivals of Amziah King“, во кој главните улоги ги толкуваат познатите актери Метју Меконахи и Курт Расел.
Станува збор за американски неовестерн трилер во режија на Ендру Патерсон, а токму изборот на македонската песна му дава специфичен музички печат на дел од филмот. Иако приказната и музичкиот концепт се силно поврзани со американската блуграс и рутс традиција, во филмот се појавува звук кој доаѓа од сосема поинаков музички простор.
Верзијата на „На Струга дуќан да имам“ која е употребена во филмот е аранжирана од Етел Рејм, а ја изведува Женскиот вокален ансамбл „Китка“ од Оукленд, Калифорнија, заедно со Шира Камен и Питер Маунд. Ансамблот е посветен на источноевропските женски вокални традиции, што дополнително го објаснува начинот на кој македонската песна е вклопена во музичкиот амбиент на филмот.
Особено впечатлив е начинот на кој традиционалната мелодија функционира во филмскиот контекст. Нејзините вокални хармонии и карактеристичниот 7/8 ритам носат препознатлива динамика, но и чувство на движење и напнатост, создавајќи атмосфера која се разликува од доминантниот американски музички израз во филмот.
„На Струга дуќан да имам“ е песна која во македонската традиција одамна ги надминала границите на едно место или една генерација. Во нејзината основа е љубовната приказна, разиграна и ведра, но со силна емотивна порака. Стихот „срцево ми го изгоре“ ја носи страста и копнежот на момчето кое ја очекува својата сакана да помине покрај него.
Најпознатата верзија е поврзана со Струга, но песната низ времето добила и други локални варијанти, во кои се споменуваат различни македонски градови и маала.
Фактот што токму ваква песна нашла свое место во американска филмска продукција е уште еден пример како традиционалниот македонски музички израз може да најде пат до публика далеку надвор од Балканот.
Филмот „The Rivals of Amziah King“ од 14 август се прикажува во американските кина, а македонската песна во неговиот саундтрак веќе привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што е споделена и сцената во која се слуша нејзината изведба.
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
