Поврзете се со нас

Шоу Биз

Општина Кисела Вода го слави својот 70 роденден

Објавено

на

Кисела Вода еден од најживописните и најдинамични делови на Скопје, секое лето нуди разнолика културна програма која ја збогатува животната средина и ја оживува локалната сцена. Оваа година Кисела Вода го слави својот 70 – ти роденден. По тој повод градоначалникот Орце Ѓорѓиевски организира обемна културно – забавна програма, која започнува од 26 јуни па финишира на 29 јуни и истата ќе се оддржува пред платото на салата Расадник и кај Крстот во Драчево.

На 26 јуни, четврток пред салата Расадник, свој настап ќе имаат DJ Мац, DJ Ампов, DJ Деан Мицковски и круна на вечерта е гостувањето на познатиот светски хаус диџеј, ремиксер и продуцент Роџер Санчез.

Реклама
Во Твоја Зона

На 27 јуни петок во Драчево кај Крстот ќе настапуваат КУД Китка, Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски и Каролина Гочева.

Сабота 28 јуни пред салата Расадник граѓаните ќе ги забавуваат Next Time, 2Bona и Слаткаристика.

Реклама
Во Твоја Зона

И недела 29 јуни започнува во паркот Македонија од 10:30 часот наутро, кога ќе започне настанот наречен ,,Семеен ден”, ден посветен на најмладите во кој ќе има богата детска програма во која се вклучени аниматори, забавувачи, децата од сите детски градинки, а во игрите без граници ќе можат да се приклучат и децата кои ќе одлучат да дојдат на настанот како публика. Ќе има и многу музика за сите присутни. А вечерта со почеток како и секоја вечер од 20:30 ќе стартува финалната вечер во која за одлична забава ќе се погрижат Теа и 2Eгзит, а за добра смеа со својот стенд-ап ќе се погрижат Бојан Велевски и Марјан Ѓорѓиевски.

Водители на настаните ќе бидат Сашко Коцев, Драгана Левенска, Миро Кацаров и Верица Донев.

Реклама
Во Твоја Зона

Градоначалникот на Општина Кисела Вода во својата покана упатена кон граѓаните рече – И годинава, фокусот го ставаме на поддршката за македонските уметници. Ова е дел од нашата определба, да им даваме простор на домашните уметници, не само како алтернативна опција, туку како основен избор, Поканети сте сите. Вашето присуство ќе ни значи многу — дојдете да се забавуваме и да создадеме прекрасни спомени заедно. Понесете го доброто расположение, а ние ќе се погрижиме за сè останато! Сѐ на свое место – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Реклама
Во Твоја Зона

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ