Шоу Биз
„Бендот на браќа Нуне“ со концертна промоција на нови 16 песни одбележа 8 години постоење
Осум години исполнети со музика, настапи, патувања, дружби и незаборавни средби со публиката, „Бендот на браќа Нуне“ ги одбележа со голема концертна промоција во ресторанот „Рагуза“.
Вечерта помина во знакот на добрата музика, позитивната енергија и бројната публика, која во исполнетиот ресторан уживаше во премиерните изведби на 16 авторски песни, сместени во два нови албума – „Љубов“ и „Верувај ми“.

Осум песни се дел од фолк-албумот „Љубов“, додека осум се најдоа на забавниот албум „Верувај ми“. Со ова издание бендот уште еднаш ја потврди својата музичка разноликост и способност подеднакво добро да се движи низ двата жанра.




Во текот на повеќечасовната концертна вечер во „Рагуза“, публиката им возвраќаше со силни аплаузи и одлично расположение, а секоја нова песна носеше нова доза енергија. Посебен момент беше настапот на познатиот српски хармоникаш Борко Радивојевиќ, кој беше специјален гостин на промоцијата.
Покрај Филип и Раде Нуне, во составот се вокалите Мими и Дац, како и инструменталистите Слободан Геровски и Роберт Јосимовски. На концертот настапија и Горан Гешовски, Танчe Гроздановски, Ратко Даутовски, Димитар Михајловски, како и придружните вокали Ана и Теа.
На новите албуми работеле и нивните соработници Мите Димовски, Роберт Билбилов, Давор Јордановски, Дмир Имери и Иван Петровски.
Меѓу присутните на концертната промоција беше и екипата на Радио Зона М1, која од ресторанот „Рагуза“ ги пренесе своите импресии од една исклучително музичка и емотивна вечер. Исполнетиот простор, расположената публика, енергијата на музичарите и живите изведби беа само дел од атмосферата која ја одбележа промоцијата.
Со два нови албума и 16 авторски песни, „Бендот на браќа Нуне“ на свој начин го заокружи својот осми роденден – со многу музика, публика и вечер која покажа дека нивната приказна продолжува со уште поголема енергија.
Шоу Биз
НАЈГОЛЕМИОТ ВИНСКИ СПЕКТАКЛ ВО МАКЕДОНИЈА – ТРИ ДЕНА ВИНО, МУЗИКА И ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКО СЕЛО
Само 2.000 влезници! Кој ќе стигне навреме ќе биде дел од тридневната винска приказна која оваа есен ќе го освои Скопје!
Оваа есен Македонско Село на Водно ќе стане центарот на најдоброто вино, музика и македонска традиција! Од 16 до 18 октомври пристигнува „Вино Фест 2026“, тридневен фестивал подготвен да ги спои љубителите на добрата капка, врвната музика и автентичниот македонски амбиент.

Ова нема да биде само уште еден фестивал, туку вистински вински спектакл! На едно место ќе бидат собрани дури 15 македонски винарии, со богат избор на вина кои ќе можат да се дегустираат во уникатната атмосфера на Македонско Село.
А за забавата да биде комплетна, следуваат три дена музичко лудило со познати имиња од македонската музичка сцена.
На фестивалската сцена ќе се појават DJ Branchez, Нино и Тамбураши, Благица и DJ Тина, Игор и Гуру Харе, DJ Тоше, Гемзе, Александар Јосифовски, Александар Тарабунов, Пљачкос, Смила Митреска, Гоко Танески, Огнен Здравковски, Дамјан Стојановски и DJ Галошки.
И тука доаѓа најважната информација, бројот на влезници е строго ограничен на само 2.000!
Со влезницата од 1.000 денари, посетителите добиваат чаша за вино, но и можност за неограничена дегустација на најубавите македонски вина.





Замислете, чаша добро македонско вино во рака, звуците на музиката околу вас, светлата на на градот пред вас, мирисот на традицијата и друштво со кое сакате да наздравите…
Токму тоа ќе биде „Вино Фест 2026“!
Билетите во претпродажба се достапни преку mkikets.mk, во Розе Веро 2, во ресторанот La Terrazza, како и во комплексот Македонско Село.
Не чекајте последен момент – кога ќе се потрошат 2.000 влезници, приказната завршува!
Македонско Село оваа есен ќе биде местото каде што ќе се наздравува, ќе се пее и ќе се слави македонската винска традиција.
„Вино Фест 2026“ шанса да наздравиме за убавите моменти!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
