Поврзете се со нас

Шоу Биз

„Svet-Australia.com“ слави 8 години – честитки за роденденот од Estrada.mk и Радио Зона М1

Објавено

на

Осум години посветеност, истрајност, професионалност и љубов кон македонската и регионалната музика се убав повод за прослава. Порталот Svet-Australia.com одбележува осум години постоење, а по тој повод честитки пристигнуваат и од редакциите на Estrada.mk и Радио Зона М1, со кои низ годините е изградена успешна и искрена професионална соработка.

Од своето основање во 2018 година, Svet-Australia.com прерасна во медиум кој ги поврзува македонските и балканските уметници, музичари и љубители на естрадата, независно од тоа на кој дел од светот се наоѓаат. Токму таа отвореност кон дијаспората и посветеноста на музиката и културата се едни од вредностите што го прават овој портал препознатлив.

Реклама
Во Твоја Зона

За нас, ова не е само уште еден медиумски роденден. Svet-Australia.com е долгогодишен медиумски партнер со кој споделуваме содржини, информации, најави и приказни од македонската и регионалната естрада. Низ годините соработката се темелеше на меѓусебна почит, професионален однос и заедничка желба македонската музика и домашните уметници да стигнат до што поголем број публика.

Особено ни е драго што и покрај географската оддалеченост, преку медиумите успеваме да создадеме мост меѓу Македонија, Австралија и македонската дијаспора ширум светот. Во таа мисија, Svet-Australia.com има свое значајно место.

Од Estrada.mk и Радио Зона М1 упатуваме искрени честитки до целиот тим на Svet-Australia.com, на чело со главниот уредник Раде Берак, како и до сите уредници, новинари и соработници кои со својот труд го одржуваат порталот осум години.

Реклама
Во Твоја Зона

Им посакуваме уште многу успешни години, нови медиумски приказни, ексклузивни интервјуа, убави вести и уште поголем број читатели.

А најмногу од сè посакуваме нашата досегашна успешна соработка да продолжи и во годините што доаѓаат, со уште многу заеднички проекти, споделени содржини и поддршка за македонската музика и естрада.

Реклама
Во Твоја Зона

Среќен 8-ми роденден, Svet-Australia.com!

Од срце ви посакуваме уште многу години успешна работа и медиумско траење. Нека продолжи приказната што ги поврзува Македонија, Австралија и целиот свет преку музиката, културата и убавите вести.

Реклама
Во Твоја Зона

Честит роденден од Estrada.mk и Радио Зона М1!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Од

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ