Шоу Биз
Македонија го освои светот со танц – „AQUA DANCE CLUB“ е светски шампион!
Историски успех за македонскиот танц! Македонската танцова репрезентација се искачи на највисокиот пиедестал на Светскиот куп на Интернационалната танцова организација (IDO), кој деновиве се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во силна и масовна конкуренција, со врвни танчери од повеќе од 30 земји од целиот свет, македонските претставници успеаја да го освојат вниманието на меѓународното жири и да ја понесат престижната титула светски прваци.
Најголемиот успех за Македонија го донесе реномираното танцово студио „AQUA DANCE CLUB“, кое триумфираше во една од најатрактивните категории – „IDO World Productions Cup“.








Победничката точка, инспирирана од култниот екс-ју хит „Сањао сам ноќас да те немам“, беше вистинско сценско уживање. Со совршена танцова техника, впечатлива сценографија, силна емоција и извонредна енергија, македонските танчари ја освоија салата и ја кренаа публиката на нозе.




Зад ова визуелно и кореографско дело стои младата и исклучително талентирана македонска кореографка Јана Андрејевиќ, која е комплетен автор на победничката точка.
Посебна тежина на успехот му дава фактот што златото е освоено пред домашната публика, на домашен терен, во услови кога очекувањата и притисокот биле огромни. Наместо да им биде пречка, домашната сцена очигледно им дала дополнителна енергија на македонските танчари, кои со својот настап испратија моќна порака дека македонскиот танц има што да покаже и на најголемата светска сцена.
Триумфот на „AQUA DANCE CLUB“ е уште еден голем успех за македонската танцова сцена и доказ дека зад неа стојат млади, талентирани и посветени луѓе кои со огромна работа стигнуваат до светскиот врв.
А танцот во Скопје продолжува.
Европското првенство и Светскиот куп во следните денови носат нови натпревари, нови категории и нови предизвици, а македонските претставници ќе продолжат во борбата за нови медали.
Но, едно злато веќе е испишано во историјата.
„AQUA DANCE CLUB“ е светски шампион, а македонското знаме денес се развеа на врвот на светската танцова сцена!
Шоу Биз
НАЈГОЛЕМИОТ ВИНСКИ СПЕКТАКЛ ВО МАКЕДОНИЈА – ТРИ ДЕНА ВИНО, МУЗИКА И ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКО СЕЛО
Само 2.000 влезници! Кој ќе стигне навреме ќе биде дел од тридневната винска приказна која оваа есен ќе го освои Скопје!
Оваа есен Македонско Село на Водно ќе стане центарот на најдоброто вино, музика и македонска традиција! Од 16 до 18 октомври пристигнува „Вино Фест 2026“, тридневен фестивал подготвен да ги спои љубителите на добрата капка, врвната музика и автентичниот македонски амбиент.

Ова нема да биде само уште еден фестивал, туку вистински вински спектакл! На едно место ќе бидат собрани дури 15 македонски винарии, со богат избор на вина кои ќе можат да се дегустираат во уникатната атмосфера на Македонско Село.
А за забавата да биде комплетна, следуваат три дена музичко лудило со познати имиња од македонската музичка сцена.
На фестивалската сцена ќе се појават DJ Branchez, Нино и Тамбураши, Благица и DJ Тина, Игор и Гуру Харе, DJ Тоше, Гемзе, Александар Јосифовски, Александар Тарабунов, Пљачкос, Смила Митреска, Гоко Танески, Огнен Здравковски, Дамјан Стојановски и DJ Галошки.
И тука доаѓа најважната информација, бројот на влезници е строго ограничен на само 2.000!
Со влезницата од 1.000 денари, посетителите добиваат чаша за вино, но и можност за неограничена дегустација на најубавите македонски вина.





Замислете, чаша добро македонско вино во рака, звуците на музиката околу вас, светлата на на градот пред вас, мирисот на традицијата и друштво со кое сакате да наздравите…
Токму тоа ќе биде „Вино Фест 2026“!
Билетите во претпродажба се достапни преку mkikets.mk, во Розе Веро 2, во ресторанот La Terrazza, како и во комплексот Македонско Село.
Не чекајте последен момент – кога ќе се потрошат 2.000 влезници, приказната завршува!
Македонско Село оваа есен ќе биде местото каде што ќе се наздравува, ќе се пее и ќе се слави македонската винска традиција.
„Вино Фест 2026“ шанса да наздравиме за убавите моменти!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
