Шоу Биз
ТАМАРА ВОЛЧЕСКА ЈА „ЗАПАЛИ“ СЦЕНАТА НА „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ – СО ШЕСТ ГЛАСА ДИРЕКТНО ВО ВТОРИОТ КРУГ!
Македонија има со што да се гордее! Тамара Волческа од Гостивар со моќен настап ја освои грандовата сцена, го воодушеви жирито и со шест „ДА“ обезбеди директен пласман во вториот круг на регионалното музичко шоу.
Македонскиот вокал повторно силно одекна на големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“! Овојпат во центарот на вниманието беше Тамара Волческа од Гостивар, која во првата емисија од новата сезона на едно од најгледаните регионални музички натпреварувања приреди настап кој очигледно не остави рамнодушни ниту жирито, ниту публиката.
Тамара доби шест од можните седум гласа, со што без никаква дополнителна драма си обезбеди директен пласман во вториот круг. Единствено Кеба не ѝ даде глас, додека останатите членови на жирито беа импресионирани од она што го видоа и слушнаа. А Тамара на сцената – сигурна, енергична и со вокал кој не остана незабележан.



Особено интересни беа коментарите на жирито. Сања Вучиќ ја пофали нејзината сигурност и сценско присуство, истакнувајќи дека настапот би можел да биде пример за другите кандидати како треба да се владее со сцена. И Дара Бубамара не го криеше воодушевувањето, издвојувајќи ја бојата на гласот на Тамара.
„Ти верувавме во сè што испеа“, беше еден од комплиментите што ги доби гостиварката по настапот. А Тамара не е некој кој вчера за првпат застанал пред микрофон. Во разговорот по настапот таа откри дека веќе неколку години активно се занимава со пеење, а официјалниот сајт на „Ѕвезде Гранда“ пренесе дека настапува околу три до четири години.
Очигледно, годините поминати на сцена си го направиле своето.
Тамара не настапи како исплашена дебитантка која првпат ја гледа големата сцена. Напротив, настапи како пејачка која знае што сака, знае како да ја пренесе песната и, што е можеби најважно, му верува на својот глас.
А наградата за тоа дојде веднаш – ШЕСТ ГЛАСА И ДИРЕКТЕН ПЛАСМАН ВО ВТОРИОТ КРУГ!
Но тука приказната станува уште поинтересна. Во продолжението од натпреварувањето Тамара ќе работи под менторство на Александар Милиќ – Мили, кој ќе биде задолжен да ја насочува низ следните предизвици на „Ѕвездите на Гранд“.
А со оглед на тоа дека новата сезона штотуку започна, за Тамара ова е само првиот чекор.
Интересно е и тоа што по емитувањето на првата епизода, Тамара доби голема поддршка на социјалните мрежи. Таа самата се огласи со емотивна порака до публиката, заблагодарувајќи се за бројните коментари и поддршката што ја добила веднаш по настапот.
„Ако е вака после само прва емисија од Ѕвездите на Гранд, тогаш јас сум најсреќниот човек на светот“, порача Тамара, не криејќи ја возбудата за новото музичко патување.
И навистина – патувањето допрва започнува.
Од Гостивар до големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“, Тамара Волческа покажа дека македонските пејачи имаат што да покажат и на регионалната сцена. Следниот круг носи нови песни, нови предизвици и нова можност Тамара повторно да покаже зошто токму таа го привлече вниманието уште на самиот почеток.
Гостивар има своја претставничка, Македонија има за кого да навива, а Тамара Волческа сега го продолжува патот кон следната сцена на „Ѕвездите на Гранд“ – под менторската палка на Мили.
И ако судиме според првиот настап, оваа приказна штотуку започнува!
Шоу Биз
ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR
Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.
Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.
„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.
Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.
Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.
А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.
Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.
-
Шоу Бизпред 8 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 7 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 7 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 8 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 6 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 8 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 5 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
