Шоу Биз
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов, малку порано од најавеното – „Понеделнички”
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видео запис, туку парче уметност.
Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, односно: Мите Димовски на чело на сите вклучени во аудиото, Огнен Шапковски – уметникот позади камерата, а преубавата и добро позната Моника Црнокрак – „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски. И секако… Легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот во „masterpiece” сценариото на Шапковски, каде како главен заплет се појавува конфликтот помеѓу Игор и Дарко. Игор Џамбазов – авторот на многу безвременски хитови, Игор Џамбазов – авторот на „Понеделнички”.
Дојде и тој понеделник каде Дарko Гроздановски по три години без авторска песна, повторно се појавува во етерот. Овој пат во ново и можеби најквалитетно руво до сега, создадено од „материјали” врз кои се темели македонската музичка уметност. Дали вредеше чекањето, проценете сами драги гледачи и слушатели и уживајте во „Понеделнички” денес и секој ден од неделата, секоја недела. „Сакам сите денови да се понеделници”, напиша Џамбазов, испеа Гроздановски, а Вие… Уживајте.
Шоу Биз
Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња
Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.
Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.



Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.




Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.
Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.
За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.
Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.
18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
