Некатегоризирано
Огнен Здравковски не запира – Новиот сингл „До неба“ веќе ги собира симпатиите на публиката
Македонската музичка сцена доби уште едно моќно музичко освежување. Огнен Здравковски, еден од највпечатливите вокали од помладата генерација, деновиве го промовираше својот најнов сингл „До неба“, песна која уште со првото слушање ја освојува публиката со силната емоција, модерниот звук и беспрекорната продукција. Спотот, кој премиерно беше објавен на неговиот официјален YouTube канал, за кратко време наиде на одличен прием и позитивни реакции од љубителите на добрата музика.
Огнен Здравковски потекнува од реномирано и докажано музичко семејство, што несомнено оставило силен печат врз неговиот професионален развој. Роден и израснат во Скопје, уште од најрана возраст ја покажува својата љубов кон музиката, а талентот дополнително го надградува преку формално музичко образование.
Средното образование го завршува во Државниот музички училишен центар „Илија Николовски – Луј“, а потоа студиите ги продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, насока соло пеење. Токму спојот на природниот талент и академската подготовка денес го прават еден од најкомплетните млади вокали на македонската сцена.




И предодно и беше познат на македонската публика, но пошироката јавност уште подобро го запозна во 2019 година, кога блесна во регионалното музичко шоу „Ѕвезде Гранда“, каде што со своите интерпретации успеа да се пласира во големото финале. Настапите му донесоа илјадници фанови низ целиот Балкан, а неговиот препознатлив вокал и сценска сигурност му отворија врата кон сериозна музичка кариера.
По големиот успех, Огнен продолжи самостојно да го гради својот пат, снимајќи песни и на македонски и на српски јазик. Во неговата дискографија се издвојуваат „Извини“, „Километрима“, „Порок“, „Пекол и рај“, „Нема те“ и „Ломи ме“ – песни кои покажаа дека станува збор за артист кој постојано музички созрева и не се плаши да експериментира со современи поп-звуци.
Со најновата песна „До неба“, Здравковски прави уште еден чекор напред. Текстот е дело на Милан Милетиќ, еден од најценетите балкански текстописци, додека музиката, аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот ги потпишува Димитар Андоновски во Andonovski Music Studio – комбинација која резултира со современа продукција и впечатлив музички израз.




„До неба“ носи препознатлива балканска емоција спакувана во модерен звук. Огнен уште еднаш покажува дека токму искрената интерпретација е неговото најсилно оружје, а неговата вокална зрелост и сигурност ѝ даваат дополнителна тежина на песната. Видеоспотот, со современа визуелна естетика, успешно ја надополнува приказната и ја заокружува целата атмосфера на проектот.
Со секој нов сингл, Огнен Здравковски сè појасно докажува дека не е само уште едно име кое се појавило преку музичко натпреварување, туку артист кој гради сопствен музички идентитет, препознатлив стил и стабилна кариера. Токму затоа не изненадува што многумина го вбројуваат меѓу најперспективните македонски поп-пејачи од својата генерација.
А судејќи според првите реакции на публиката, „До неба“ има сè што е потребно да стане уште еден голем хит во неговата богата музичка низа.
Некатегоризирано
„Скопско лето 2026“ во полн ек – ако сè уште не сте слушнале, Естрада.мк ве потсетува што не треба да пропуштите
Доколку досега не сте слушнале дека е во тек едно од најголемите културни случувања во главниот град, Естрада.мк ве потсетува дека фестивалот „Скопско лето 2026“ веќе повеќе од еден месец ги разубавува скопските вечери со богата програма исполнета со музика, театар, изложби и бројни уметнички настани.
Речиси секоја вечер, на повеќе локации низ Скопје, посетителите имаат можност да уживаат во концерти, театарски претстави, книжевни вечери, изложби и настапи на врвни домашни и меѓународни уметници. Градот живее во фестивалски дух, а секој ден носи ново културно доживување.
Музеи, галерии, културни институции и отворени сцени се претвораат во вистински центри на уметноста. Посебен шарм и оваа година има Старата скопска чаршија, каде што фестивалските содржини добиваат уникатна атмосфера и привлекуваат бројни посетители.
И покрај богатата и разновидна програма, има граѓани кои сè уште не се информирани дека фестивалот е во тек. Затоа, доколку барате поинаков начин да ги поминете топлите летни вечери, „Скопско лето“ е вистинскиот избор. Без разлика дали сте љубител на класичната музика, театарот, современата уметност или книжевноста, програмата нуди содржини за сечиј вкус.
До завршувањето на фестивалот остануваат уште многу интересни настани, па сега е вистинскиот момент да ја разгледате програмата и да станете дел од оваа долгогодишна културна традиција што со децении го збогатува животот во главниот град.
Фестивалот „Скопско лето 2026“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Град Скопје, а негов организатор е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во соработка со бројни национални културни институции и меѓународни партнери.
Естрада.мк и во наредниот период ќе продолжи да ве информира за најинтересните фестивалски случувања, концерти и културни настани кои се дел од богатата програма на „Скопско лето 2026“.
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 3 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 неделиЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 2 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 неделиЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
