Поврзете се со нас

Шоу Биз

Ѕвездени носталгии тема – Летото , светлината што носи сенки 30.06.2026

Објавено

на

ПРЕСЛУШАЈ ЈА НАЈНОВАТА ЕМИСИЈА ОВДЕ

Пеколното лето и самиот пекол, во духовна смисла, се како две огледала што се гледаат едно во другo, едното во природата, другото во внатрешноста на човекот. Пеколното лето е надворешен оган: сонце што не милува, воздух што тежи, земја што молчи под жештината. Тоа е момент кога природата нè потсетува на својата сила и на нашата маленкост. Во него има испитување дали ќе ја изгубиме трпеливоста или ќе ја најдеме смиреноста. Пеколот, пак, во духовен смисол, не е само место на оган, туку состојба на душата. Тоа е внатрешна жештина без мир, немир што не престанува, мисли што горат без утеха. Таму огнот не доаѓа од сонцето, туку од внатрешната разделеност од мирот, љубовта и светлината.
И сепак, разликата е голема: пеколното лето поминува, но духовниот пекол се надминува само кога човек ќе најде светлина во себе.
Затоа, летото, колку и да е тешко, е само привремена сенка на големата вистина дека секој оган, надворешен или внатрешен, може да стане учител. Едниот нè учи трпение, другиот нè повикува на преобразба.
И во таа споредба се раѓа заклучокот: вистинскиот мир не зависи од тоа колку е жешко надвор, туку колку е тивко и светло внатре во човекот.

Секој вторник со почеток од 20Ч до 24Ч Слушајте ја Ѕвездени носталгии на ЗОНА М1 РАДИО

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Од

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ