Поврзете се со нас

Шоу Биз

Македонија се простува од музичката легенда Владо Јаневски – погребот на 1 јули, утре 30 јуни собир во негова чест

Објавено

на

Македонската музичка сцена остана без едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар, композитор, текстописец и пејач Владо Јаневски.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага кај љубителите на македонската музика, кои повеќе од три децении ги пеат неговите безвременски хитови. Зад себе остави богато музичко творештво и песни што станаа дел од македонската музичка ризница, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Во текот на својата кариера беше дел од музичките состави „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“, а покрај својот препознатлив вокал, свиреше клавир, гитара и тапани.

Реклама
Во Твоја Зона

Во 1998 година испиша историја како прв официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија во Бирмингем, каде настапи со песната „Не зори зоро“. Во текот на својата успешна кариера настапуваше на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои Југовизија во Белград, „Славјански базар“ во Белорусија, како и фестивали во Турција, Ирска и Египет.

Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сѐ“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006), со кои трајно го обележа развојот на македонската поп-музика.

Реклама
Во Твоја Зона

Погребот на Владо Јаневски ќе биде извршен на 1 јули на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Во негова чест, утре со почеток во 20:00 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи комеморативен собир на кој граѓаните, пријателите, колегите и љубителите на неговата музика ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит. Со песна, тишина и многу емоции, присутните ќе се потсетат на делото на човекот чии песни засекогаш ќе останат да живеат меѓу генерациите.

Реклама
Во Твоја Зона

Со заминувањето на Владо Јаневски, Македонија загуби еден од своите најголеми музички автори и интерпретатори, но неговите песни ќе продолжат да бидат вечен потсетник на талентот, емоцијата и љубовта што ги остави како свое најголемо наследство.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Од

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ