Поврзете се со нас

Народна

КАФАНСКА НОЌ ВО СКОПЈЕ – ТРОЈЦА БАЛКАНСКИ ВЕЛИКАНИ ЌЕ ЈА ЗАПАЛАТ АРЕНАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“!

Објавено

на

По грандиозниот настап во сараевската „Скендерија“, каде публиката уживаше во незаборавна вечер преполна со емоции и добар кафански дух, Хајп продукција ја продолжува својата голема турнеја низ регионот. Следната дестинација е токму Скопје. Аца Лукас, Мира Шкориќ и Мирослав Илиќ ќе ги обединат своите сили и ќе ѝ подарат на македонската публика вистинска „Кафанска ноќ“ за паметење!

Настанот кој ветува исклучителна забава и атмосфера исполнета со најголемите хитови ќе се одржи на 20 декември 2025 година, во Арената „Јане Сандански“, со почеток во 20:00 часот,а според најавата на продукцијата ќе трае 5 – 6 часа.

Публиката ќе има можност да ужива во вечни песни, добро познати рефрени и енергија каква само овие тројца легендарни изведувачи знаат да понудат. Организаторите најавуваат дека вечерта ќе биде дополнително збогатена со специјални гости изненадување, гости од Македонија кои ќе придонесат за уште поголема еуфорија и вистински балкански музички спектакл.

Со оглед на искуството од Сараево, каде салата беше исполнета до последното место, не се сомневаме дека и скопската „Кафанска ноќ“ ќе биде една од најочекуваните музички вечери оваа зима.

Продолжи со читање
Реклама

Народна

Тажна вест: Почина легендарниот пејач Халид Бешлиќ

Објавено

на

Од

Регионалната музичка сцена денес изгуби уште еден од своите најголеми уметници — Халид Бешлиќ. Познатиот пејач, чија кариера траеше повеќе од четири децении, почина по тешка болест, оставајќи зад себе богато музичко наследство и милиони обожаватели ширум Балканот.

Последните недели јавноста беше загрижена за неговата здравствена состојба, откако беа откажани неколку негови настапи. На концертот во Бања Лука, Халид едвај се движеше по сцената и најголемиот дел од настапот го помина седејќи, искрено признавајќи на публиката дека не се чувствува најдобро. По тој настап беше итно хоспитализиран, а потоа следеше и откажување на уште еден концерт.

Халид Бешлиќ беше симбол на емоција, топлина и искреност во музиката. Неговата кариера беше обележана со бројни хитови, распродадени концерти и милионски тиражи, но и со тешки животни искушенија од кои секогаш излегуваше посилен. На почетокот на војната во Босна и Херцеговина, неговата песна „Љиљани“ од 1991 година стана неофицијална химна на бранителите на својата татковина. За време на воените години, Халид покажа огромно срце и хуманост — одржа повеќе од 500 хуманитарни концерти низ Западна Европа за помош на настраданите во родната земја.

Голем пресврт во неговата кариера се случи во 1998 година со албумот „Робиња“ и песната „Есен во мене“, обработка на хитот на Парни Ваљак, со која Халид најави поурбан звук и поп-фолк израз. Тој правец го продолжи со албумот од 2003 година, на кој се наоѓа и легендарната песна „Први полјубац“, еден од неговите најголеми хитови кој и денес е неизоставен дел од секој негов настап.

Реклама

Само пред кратко време, неговиот долгогодишен пријател и соработник Мили објави последна песна што ја снимиле заедно – „Сејда“, посветена на сопругата на Халид. Песната сега добива особено емотивно значење, како негово последно музичко писмо до љубовта и животот.

Со заминувањето на Халид Бешлиќ, Балканот изгуби не само голем уметник, туку и благороден човек чии песни ќе продолжат да живеат во срцата на генерации што доаѓаат.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ