Народна
Саша Матиќ го објави вториот дел од албумот „Ноќас нам не гине љубав
По големиот успех на првиот дел од албумот „Ноќас нам не гине љубав“, кој беше објавен во април и за кратко време стана едно од најслушаните изданија во регионот, Саша Матиќ го претстави продолжението — вториот дел од проектот „Ноќас нам не гине љубав.
Зад новиот албум стои тим од врвни автори, кои преку музиката вешто го спојуваат традиционалниот звук со современиот израз, создавајќи препознатлив спој на емоција и квалитет што го следи целиот Матиќев опус.
Првиот дел од албумот донесе четири песни што веднаш ја освоија публиката – „Ноќас нам не гине љубав“, „Крематоријум за љубав“, „Силе зле“ и „Боље никад него касно“. Секоја од нив го носеше препознатливиот печат на Саша Матиќ – искрен вокал, длабока емоција и раскошна продукција што допира до секој слушател.
Со новиот, втор дел од албумот, пеачпт отвора ново музичко поглавје, претставувајќи четири сосема нови песни: „Свирај роде“, „Стани мало“, „Даље“ и „Далеко“
Како и досега, Саша останува доследен на себе – автентичен, емотивен и вистинска, а неговата публика тоа го чувствува и возвраќа со љубов.
Албумот „Ноќас нам не гине љубав е веќе достапен на сите дигитални платформи и според првичните реакции, вториот дел ветува уште поголем успех од претходниот.
Народна
,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!
Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.
Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.
Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.
Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.
Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.
27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!
Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.
Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 7 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 7 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
