Поврзете се со нас

Шоу Биз

Јелена Карлеуша со жестока реакција по скандалот на Цеца во Велес

Објавено

на

Познато е дека Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ со години се сметаат за „вечити ривалки“ на естрадната сцена. Нивните односи никогаш не биле добри, а често се во центарот на медиумското внимание поради меѓусебни препукувања.

Овојпат, повод за нови тензии е скандалот што се случи на синоќешниот концерт на Цеца во Велес, кога пејачката го разви бугарското знаме на својот грб. Настанот предизвика бурни реакции кај публиката, дел од која ја исвирка, а организаторите набрзо ја повлекоа од сцената.

По ова, Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи со остра реакција и отворена поддршка за македонскиот народ.

Реклама
Во Твоја Зона

Во нејзиниот статус, Карлеуша напиша:

„Со сето свое срце сум со прекрасниот народ на Македонија, кој не го заслужува ваквото непочитување од страна на пејачи што доаѓаат да настапуваат во Македонија. Го осудувам овој потег на дотичната и сметам дека не станува збор ниту за глупост, ниту за незнаење. Прво, да се завиткаш во знамето на држава која го оспорува постоењето на државата Македонија, потоа да го бакнеш тоа знаме во сред Македонија – а за да биде уште пострашно, истото тоа знаме потоа да го фрлиш на подот…“

Пејачката порача дека „уметноста не смее да биде изговор за непочитување на една земја и нејзиниот народ“.

Реклама
Во Твоја Зона

До овој момент тимот на Цеца Ражнатовиќ нема дадено официјална изјава по повод скандалот и реакцијата на Карлеуша, а јавноста со нетрпение очекува дали и како Цеца ќе одговори.

Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Босилово повторно ги собира љубителите на фолклорот – 15 години „Средба Русалии – Фолклор 2026“

Објавено

на

Од

Во овој исклучително активен период со културни настани, Естрада.мк продолжува да ги следи културните настани низ Македонија и да ги претставува манифестациите кои ја чуваат нашата традиција, фолклор и македонскиот културен идентитет. Овојпат патот нè води во Босилово, каде на 27 август 2026 година ќе се одржи јубилејното 15-то издание на Меѓународниот фестивал „Средба Русалии – Фолклор 2026“.

Петнаесет години традиција, песна, ора и дружење со фолклорните ансамбли се доволна причина Босилово и ова лето да биде место на кое ќе се сретнат љубителите на македонското фолклорно наследство.

Фестивалската програма започнува во 18 часот со дефиле, со кое учесниците ќе продефилираат низ Босилово и ќе ја најават големата фолклорна вечер.

Реклама
Во Твоја Зона

Во 19 часот следува свечена програма во црквата „Пресвета Богородица“, а централниот дел од фестивалот започнува во 20 часот во паркот.

Пред публиката ќе настапат повеќе фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва: КУД „Русалии“ од Секирник, ФА „Цветови“ од Дедино, „Центар“ од Петрич, КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, ФА „Копачка“ од Драмче, „Атми Митко Алексoв“ од Кочани и ФА „Осоговски извор“ од Оризари.

Реклама
Во Твоја Зона

Разновидноста на учесниците уште еднаш покажува дека фолклорот е еден од најубавите начини за поврзување на различни места, традиции и генерации. Преку песната, орото и народните носии, фестивалот ја претвора сцената во своевидна жива слика на македонското културно наследство.

Но, фестивалската вечер нема да заврши со фолклорните настапи. Од 22 часот, публиката ќе има можност да ужива во концертот на Дамјан Стојановски, кој со својот препознатлив музички израз ќе биде задолжен за продолжување на празничната атмосфера.

Реклама
Во Твоја Зона

„Средба Русалии – Фолклор“ низ годините прерасна во значајна културна средба која ја негува традицијата и овозможува фолклорот да остане жив пред новите генерации. Токму затоа јубилејното 15-то издание е уште една потврда дека ваквите манифестации имаат огромно значење за зачувувањето на културното наследство.

Босилово на 27 август ќе биде место на кое ќе се слушне звукот на тапаните, ќе заиграат фолклорните ансамбли, ќе се облечат традиционалните носии и ќе се продолжи приказната за македонската традиција.

Реклама
Во Твоја Зона

А Естрада.мк и понатаму ќе биде таму каде што се создаваат ваквите убави приказни, затоа што нашата култура не се чува само во книгите и музеите, таа живее во песната, орото, носијата и во луѓето кои со љубов ја пренесуваат од поколение на поколение.

Босилово ги отвора вратите за 15 години „Средба Русалии – Фолклор 2026“ – вечер посветена на традицијата, фолклорот, музиката и заедништвото.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ