Поврзете се со нас

Шоу Биз

„Вкуси го југот“ во Гевгелија: Три дена музика, традиција и забава

Објавено

на

Гевгелија од 12 до 14 септември ќе биде центар на традицијата, културата и забавата со третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the South). Под покровителство на Општина Гевгелија, оваа културно-забавна манифестација ќе ја претстави богатата гастрономска и музичка понуда на југот од државата, во комбинација со едукативни и културни содржини.

Традиција и гастрономија

На локацијата кај новиот пазар, најјужниот македонски град три дена ќе живее во духот на јужњачката традиција – од подготовка на домашни специјалитети по старински рецепти до настапи на културно-уметнички друштва, фолклорни ансамбли и солисти. Програмата ќе ја збогатат и школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, како и детскиот фестивал „Калинка“, наменети за најмладите посетители.

Музичка програма за сите генерации

Најголемото внимание ќе го привлечат вечерните концерти со внимателно избрани македонски изведувачи од поп, рок и етно сцената. Фестивалската програма е поделена во три вечери

Реклама
Во Твоја Зона

Гевгелија – град на вкусот и забавата

„Вкуси го југот“ веќе стана препознатлив белег на Гевгелија и манифестација која не е само музички хепенинг, туку вистинска фузија на традицијата, културата и модерната забава. Со десетици содржини, настапи и богата гастрономска понуда, овој фестивал ќе претвори три септемвриски вечери во празник за сите сетила.


Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Скопје се подготвува за новогодишна ноќ со македонска музика – Орце Ѓорѓиевски најави дочек на плоштадот

Објавено

на

Од

Скопје полека ги прави првите подготовки за најлудата ноќ во годината, а според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, и годинава новогодишната прослава ќе биде во знакот на македонската музика и домашните изведувачи.

Централниот градски плоштад повторно се очекува да стане место каде што граѓаните и посетителите заеднички ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат Новата година, со добра музика, празнична атмосфера и настапи на македонски музичари.

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека подготовките за новогодишниот дочек веќе се во тек, а намерата е празничната вечер да биде исполнета со музика и забава, во духот на домашната естрада.

Реклама
Во Твоја Зона

Ѓорѓиевски ги откри плановите во вклучување во живо на Фејсбук, каде што разговараше со граѓаните за подготовката на градскиот буџет за 2027 година.

Тој извести дека сепак имало различни мислења во неговиот тим и меѓу граѓаните за изборот на музичката програма, но без размислување предност да им даде на домашните изведувачи.

Реклама
Во Твоја Зона

Засега, сепак, не е објавена официјалната програма, ниту се познати имињата на изведувачите кои ќе настапат на плоштадот. Кои музички ѕвезди ќе ја забавуваат публиката, каква ќе биде програмата и што сè ќе понуди новогодишната вечер, останува да дознаеме во периодот што следува.

Естрада.мк будно ќе ги следи сите информации поврзани со новогодишната прослава во Скопје, а штом бидат објавени официјалните детали за програмата и изведувачите, дополнително ќе ги информираме нашите читатели.

Реклама
Во Твоја Зона

Едно е сигурно – Скопје веќе се подготвува за новогодишната магија, а останува да видиме со кои музички имиња ќе ја започнеме 2027 година!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ