Поврзете се со нас

Шоу Биз

На 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт

Објавено

на

Во дворот на црквата „Св. Јован Крстител“ во с. Булачани, на 18 септември (четврток) со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи голем хуманитарен концерт под наслов „Во ритам на хуманоста“. Настанот има единствена цел – преку музика, забава и заедништво да се соберат хуманитарни средства и да се испрати порака на љубов и поддршка.

Концертот е јавен и отворен за сите граѓани, а организаторите најавуваат вечер исполнета со богата музичка програма и добра забава. На сцената ќе настапат големи музички имиња: Влатко Миладиновски, Никола Станишиќ, Дамјан Стојановски, Елена Андоновска, Благоја Грујовски, Методија Столески, MIYATTA, Василија Петрова, Сања Здјелар, како и групите Екстра Бенд, Енигма Бенд, Ќустек зурли и тапани, ФА „Седенка“ и ВИС „Аманет“.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат не само во разновидната музика, туку и во добра скара и вистинска народна атмосфера. Организаторот Симона Велковска најави дека концертот ќе биде соодветно обезбеден за сите посетители да се чувствуваат безбедно и пријатно.

Реклама
Во Твоја Зона

„Да се обединиме заедно и да покажеме дека срцето најубаво чука – во ритамот на хуманоста!“, порачуваат организаторите, најавувајќи дека наскоро ќе биде објавен и официјалниот репертоар на вечерта.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Скопје се подготвува за новогодишна ноќ со македонска музика – Орце Ѓорѓиевски најави дочек на плоштадот

Објавено

на

Од

Скопје полека ги прави првите подготовки за најлудата ноќ во годината, а според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, и годинава новогодишната прослава ќе биде во знакот на македонската музика и домашните изведувачи.

Централниот градски плоштад повторно се очекува да стане место каде што граѓаните и посетителите заеднички ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат Новата година, со добра музика, празнична атмосфера и настапи на македонски музичари.

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека подготовките за новогодишниот дочек веќе се во тек, а намерата е празничната вечер да биде исполнета со музика и забава, во духот на домашната естрада.

Реклама
Во Твоја Зона

Ѓорѓиевски ги откри плановите во вклучување во живо на Фејсбук, каде што разговараше со граѓаните за подготовката на градскиот буџет за 2027 година.

Тој извести дека сепак имало различни мислења во неговиот тим и меѓу граѓаните за изборот на музичката програма, но без размислување предност да им даде на домашните изведувачи.

Реклама
Во Твоја Зона

Засега, сепак, не е објавена официјалната програма, ниту се познати имињата на изведувачите кои ќе настапат на плоштадот. Кои музички ѕвезди ќе ја забавуваат публиката, каква ќе биде програмата и што сè ќе понуди новогодишната вечер, останува да дознаеме во периодот што следува.

Естрада.мк будно ќе ги следи сите информации поврзани со новогодишната прослава во Скопје, а штом бидат објавени официјалните детали за програмата и изведувачите, дополнително ќе ги информираме нашите читатели.

Реклама
Во Твоја Зона

Едно е сигурно – Скопје веќе се подготвува за новогодишната магија, а останува да видиме со кои музички имиња ќе ја започнеме 2027 година!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ