Шоу Биз
НА 13-ти СЕПТЕМВРИ СПОРТСКО – МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО ГЛУВО
Големото финале на 19. Меморијален турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“ со настап на „Куку Леле“
Во сабота, на 13 септември 2025 година, стадионот во село Глуво, на падините на Скопска Црна Гора, ќе биде домаќин на големото финале од 19. Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ – спортска манифестација која веќе две децении ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните.
Организаторите најавуваат незаборавна вечер, исполнета со спортски возбудувања и естрадна магија. Турнирот, кој се одржува во чест на легендарниот фудбалер на ФК Вардар – Љубомир Рајчевски – Рајче, кој што потекнува токму од Глуво, годинава собра рекордни 28 екипи. Победникот во големото финале ќе биде награден со 350.000 денари, што на настанот му дава дополнителна атрактивност и спортски елан.
Како и секоја година, манифестацијата не завршува само на теренот. По спортскиот дел, посетителите ќе уживаат во голем естраден концерт, кој традиционално го затвора турнирот. Оваа година специјални музички гости се мегапопуларната македонска група „Куку Леле“. Роберт и Панки кои ќе приредат двочасовен спектакл, исполнет со нивните најголеми хитови. Панки, пак, ќе го збогати настапот и со изведби на познати регионални поп и фолк хитови.
Со тоа, завршната вечер на турнирот се очекува да прерасне во вистински спортско-музички спектакл за сите генерации. Стадионот во Глуво, кој собира и до 3.500 посетители, традиционално е преполн на финалната вечер, а и овој пат атмосферата ветува уникатно искуство – и на теренот, и на трибините.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот и музиката да бидат дел од оваа голема вечер, со која спортот и забавата уште еднаш ќе се спојат во чест на незаборавниот Љубомир Рајчевски – Рајче.
Шоу Биз
Ѕвездени носталгии тема – Срцето не е камен 28.07.2026
Каменот не чувствува тежина од она што го носи, а срцето ја памети секоја љубов, секоја болка и секое простување. Колку повеќе се обидува да стане тврдо за да не биде повредено, толку повеќе ја губи својата вистинска природа. Зашто силата на срцето не е во тоа да не чувствува, туку да остане живо и способно да љуби, дури и кога светот го учи на спротивното. Бог не му дал на човекот срце за да стане камен, туку за преку неговата мекост да ја препознае вечноста. Каменот останува ист низ вековите, но срцето расте секогаш кога избира милост наместо омраза, вистина наместо гордост и љубов наместо страв. Само срце што знае да се скрши може повторно да биде составено од Божјата благодат. Науката вели дека тоа непрестајно се приспособува – неговиот ритам се менува со секоја емоција, со секоја мисла и со секој здив.

Она што е живо не е создадено да биде неподвижно, туку да одговара на животот. Затоа, ако срцето се претвори во камен, не ја губи само својата чувствителност, туку и својата суштина. Вистинската сила не е во нечувствителноста, туку во способноста повторно да се отвори, да простува и да љуби, и покрај сите рани. На крајот, не се мери големината на човекот по тоа колку успеал да го стврдне своето срце, туку по тоа колку успеал да го сочува живо. Каменот не страда, но ниту љуби. Срцето, иако ранливо, е единственото место каде што болката може да се преобрази во мудрост, простувањето во слобода, а љубовта во вечност. Само срце што останало човечко може да стане храм на Божјото присуство.
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 4 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 3 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
