Шоу Биз
Кавадарци во знакот на виното и традицијата – „Тиквешки гроздобер“ од 4 до 6 септември
Кавадарци од 4 до 6 септември повторно ќе живее во духот на виното, традицијата, музиката и добрата забава. На денешната прес-конференција, одржана во Винскиот музеј, официјално беше претставена програмата за годинешното издание на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер 2026“, еден од најпрепознатливите настани во градот и Тиквешкиот регион.
Во текот на трите фестивалски денови, Кавадарци ќе понуди богата културно-уметничка и музичка програма, вински дегустации, традиционални содржини и забава за сите генерации. Главните случувања ќе се одвиваат на Градскиот плоштад и во Паркот на револуцијата, но дел од програмата ќе се реализира и на улицата „Илинденска“, како и во музејските и галериските простори.

Организацијата и реализацијата на културните содржини годинава ѝ се делегирани на компанијата „Иноватива груп“ ДОО Скопје, а како што беше истакнато на прес-конференцијата, посетителите ги очекува атрактивна музичка програма со познати домашни и странски имиња, но и со значајно присуство на локалните музички артисти.

Првата фестивалска вечер, во петок на 4 септември, ќе започне со традиционалната гроздоберска трпеза на улицата „Илинденска“, како и со традиционалниот турнир „Сестри Китеви“. Во текот на денот ќе има и промоција на монографијата по повод 50 години од постоењето на Музеј-галеријата. Вечерната програма ќе продолжи во Паркот на револуцијата со настапот на Еснаф, по што следуваат Трио Мањифико. Забавата на Градскиот плоштад ќе ја продолжат Zee Bond, Dejto и DJ Galoski.
Саботата, 5 септември, ќе донесе уште побогата програма. Покрај таблијадата, мото-релито и „Тајната дегустација на вино“ во Паркот на револуцијата, посетителите ќе можат да уживаат во настапите на Трио Мерак, а во вечерните часови ќе се одржи традиционалниот тиквешки карневал, кој ќе ги поврзе улицата „Илинденска“ и Градскиот плоштад.
На главната сцена во сабота ќе настапат Нокаут, Дупер и Жељко Самарџиќ, со што се очекува Градскиот плоштад да биде исполнет до последното место.
Последниот фестивалски ден, недела 6 септември, ќе започне со изложба на олдтајмери на улицата „Илинденска“, а програмата ќе продолжи со Акустико лајт и Трио Гранде во Паркоt на револуцијата. На улиците ќе се одржи и детскиот тиквешки карневал, додека во Музеј-галеријата ќе биде отворена изложба на кавадаречки уметници.
Вечерта на Градскиот плоштад ќе настапат Слободанка Танева и Мирјана Митрева, Џејла Рамовиќ и Пеџа Јовановиќ, со што ќе биде заокружено годинешното издание на манифестацијата.
„Тиквешки гроздобер“ и годинава ги обединува љубителите на виното, традицијата, музиката и локалната култура, претворајќи го Кавадарци во центар на празничната атмосфера во срцето на Тиквешијата. Манифестацијата, покрај забавниот карактер, има и значајна улога во промоцијата на винската традиција и туристичкиот потенцијал на регионот, кој со векови е препознатлив по производството на едно од најпознатите македонски вина.
Шоу Биз
„Болва в уво“ повторно во Драмски – Комедијата што го претвора сомнежот во вистински сценски хаос
Естрада.мк не ги следи само музичките настани и случувањата на естрадната сцена. Уметноста има многу лица, а меѓу нив се и театарот и актерската професија, затоа што и глумците се уметници кои со својот талент, емоција и сценска енергија создаваат незаборавни приказни. Токму затоа го најавуваме и враќањето на една од претставите која веќе го освои интересот на скопската публика.
По пауза од април, на сцената на Драмски театар Скопје повторно се враќа претставата „Болва в уво“, која ќе биде изведена на 10 октомври, со почеток во 20 часот.
Станува збор за урнебесна комедија на забуни, љубомора, двојни идентитети и низа неверојатни ситуации кои едни по други го зголемуваат хаосот. Она што започнува како сомнеж, многу брзо прераснува во вистинска сценска лавина, во која ништо не е онака како што изгледа.
„Болва в уво“ е од оние претстави кај кои публиката не останува само нем набљудувач. Темпото, комичните ситуации и актерската игра создаваат атмосфера во која смеата е речиси загарантирана, а секој нов пресврт носи нова причина за реакција од гледалиштето.
Интересот за претставата е голем, па оттаму и онаа добро позната реченица „се бара билет повеќе“ добива сосема реално значење. За оние кои досега не успеале да ја погледнат, октомвриската изведба е одлична можност, додека оние кои веќе ја гледале сигурно знаат зошто добрата театарска претстава заслужува да се гледа и повеќепати.
А Естрада.мк ќе продолжи да ги следи не само концертите, фестивалите и музичките случувања, туку и театарот, филмот и сите форми на уметност во кои македонските уметници ја покажуваат својата креативност и талент. Затоа што сцената не е резервирана само за музичарите – и актерите се дел од истата голема приказна наречена уметност.
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 4 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 5 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
