Некатегоризирано
Прочка во Љубанци и Кучевиште – „Љубански карневал“ и „Сурети“ со над 100 маскирани учесници
По повод големиот христијански празник Прочка, и годинава на 22 февруари (недела), во селата Љубанци и Кучевиште ќе се одржат традиционалните манифестации „Љубански карневал“ и обредот под маски „Сурети“, кои се дел од локалното културно наследство и се пренесуваат од генерација на генерација.
Целта на организаторите е да се зачува традицијата на жителите од Љубанци, Прочка да ја одбележуваат под маски, преку карневал исполнет со симболика, хумор и народна традиција.
Организатор на настанот и оваа година е Здружението за заштита на културното наследство „Љубански карневал – Прочка“. Претседателот на здружението, Бојан Раевски, информира дека се пријавени над 100 учесници, а се очекува карневалот да го проследат неколку илјади посетители.
Покрај мештаните од Љубанци, како и секоја година, ќе учествуваат и ученици од основните училишта во Општина Бутел, како и деца од локалната градинка.
Карневалската програма започнува во 10 часот, а финалното дефиле ќе се одржи во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“, каде што ќе бидат прогласени најдобрите маски и ќе им бидат доделени парични награди.
Меѓу најпрепознатливите традиционални маски се „љубанската свадба“, „кожите“ и „комитите“, но ќе има и бројни други креативни маски преку кои учесниците на сатиричен начин ќе ги прикажат секојдневните случувања и општествени појави.
Настанот, како и секоја година ќе биде збогатен и со музичка програма.
Покровител на манифестацијата е Општина Бутел, а еден од медиумските покровители на настанот е и Радио Зона М1.
А „Сурети Кучевиште“ порачуваат дека без разлика на временските услови, традицијата продолжува и низ селото Кучевиште ќе продефилираат со своите маски и ќе ги исполнат улиците со позитивна енергија.
Некатегоризирано
Трибина „Култура, идентитет, традиција“ по повод 80 години од Граѓанската војна во Грција
Естрада.мк продолжува со поддршка на настани од пошироко општествено значење, а овој пат вниманието е насочено кон претстојната трибина посветена на културата, идентитетот и традицијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
Трибината, која се организира по повод одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција, ќе се одржи на 29 април 2026 година (среда) со почеток во 11 часот, во амфитеатарот на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Организатори на настанот се Здружение на децата бегалци „Т’га за југ“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институт за македонска литература, Институт за национална историја и Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Во рамки на трибината, покрај претставниците на институциите, ќе говорат и почесни членови на здружението – живи сведоци на историските настани.
Фокусот на дискусијата ќе биде насочен кон зачувувањето и афирмацијата на културното наследство, националниот идентитет и традицијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија, како и нивните лични сведоштва и историски искуства.
Настанот претставува значајна можност за пошироката јавност да се запознае со дел од колективната меморија и историја, но и да се поттикне дијалог за вредностите кои го обликуваат националниот идентитет. На настанот ќе присуствуваат и претставници од тимот на Радио Зона М1.
Естрада.мк и понатаму останува посветена на поддршка и промоција на вакви значајни настани кои придонесуваат кон зачувување на историското наследство и општествените вредности.
-
Шоу Бизпред 2 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 2 неделиДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 4 неделиЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 1 месец„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Некатегоризиранопред 1 месецМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 3 неделиВаска Илиева – гласот што ја претвори македонската песна во идентитет
-
Шоу Бизпред 2 неделиЗона М1 се слуша и под вода – нова можност за пораки од дијаспората
