Поврзете се со нас

Шоу Биз

Бојана Скендеровски со прв солистички концерт „Бесмртна“ – 13 декември во Филхармонија

Објавено

на

Познатата поп-пејачка Бојана Скендеровски ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Скопје, на 13 декември во Македонската филхармонија, со почеток од 20 часот. Настанот го носи симболичниот наслов „Бесмртна“, а преку него Бојана ќе го прослави 23-годишниот јубилеј на сцената.

Публиката ја памети Бојана по нејзиниот впечатлив настап во проектот за млади таленти „М2 – Потрага по ѕвезда“, како и по победата на Макфест 2003 со безвременската песна „Немам одбрана“, која и денес се пее со истата емоција.

Реклама
Во Твоја Зона

„Овој концерт е мојата благодарност кон публиката, музиката и сите моменти што ме изградија како уметник и како човек. Ќе пеам со срце и ќе ве поведам низ мојата животна и музичка приказна. Ветувам вечер исполнета со љубов и вистински емоции“, изјави Скендеровски.

Концертот „Бесмртна“ најавува емотивно патување низ нејзиниот музички свет, каде што спомените и сегашноста ќе се спојат во едно. Во магичниот амбиент на Филхармонијата, Бојана ќе се претстави во едно ново, интимно и искрено издание, со репертоар што ја одразува нејзината уметничка зрелост.

Реклама
Во Твоја Зона

Публиката ја очекува, прослава на 23 години кариера, вечер исполнета со љубов, спомени, нови почетоци и песни кои допираат до душата и остануваат бессмртни.

Оваа вечер ветува повеќе од концерт – приказна за љубовта, времето и уметноста која живее засекогаш во музиката на Бојана Скендеровски.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

„Болва в уво“ повторно во Драмски – Комедијата што го претвора сомнежот во вистински сценски хаос

Објавено

на

Од

Естрада.мк не ги следи само музичките настани и случувањата на естрадната сцена. Уметноста има многу лица, а меѓу нив се и театарот и актерската професија, затоа што и глумците се уметници кои со својот талент, емоција и сценска енергија создаваат незаборавни приказни. Токму затоа го најавуваме и враќањето на една од претставите која веќе го освои интересот на скопската публика.

По пауза од април, на сцената на Драмски театар Скопје повторно се враќа претставата „Болва в уво“, која ќе биде изведена на 10 октомври, со почеток во 20 часот.

Станува збор за урнебесна комедија на забуни, љубомора, двојни идентитети и низа неверојатни ситуации кои едни по други го зголемуваат хаосот. Она што започнува како сомнеж, многу брзо прераснува во вистинска сценска лавина, во која ништо не е онака како што изгледа.

Реклама
Во Твоја Зона

„Болва в уво“ е од оние претстави кај кои публиката не останува само нем набљудувач. Темпото, комичните ситуации и актерската игра создаваат атмосфера во која смеата е речиси загарантирана, а секој нов пресврт носи нова причина за реакција од гледалиштето.

Интересот за претставата е голем, па оттаму и онаа добро позната реченица „се бара билет повеќе“ добива сосема реално значење. За оние кои досега не успеале да ја погледнат, октомвриската изведба е одлична можност, додека оние кои веќе ја гледале сигурно знаат зошто добрата театарска претстава заслужува да се гледа и повеќепати.

Реклама
Во Твоја Зона

А Естрада.мк ќе продолжи да ги следи не само концертите, фестивалите и музичките случувања, туку и театарот, филмот и сите форми на уметност во кои македонските уметници ја покажуваат својата креативност и талент. Затоа што сцената не е резервирана само за музичарите – и актерите се дел од истата голема приказна наречена уметност.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ