Шоу Биз
Јелена Карлеуша со жестока реакција по скандалот на Цеца во Велес
Познато е дека Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ со години се сметаат за „вечити ривалки“ на естрадната сцена. Нивните односи никогаш не биле добри, а често се во центарот на медиумското внимание поради меѓусебни препукувања.
Овојпат, повод за нови тензии е скандалот што се случи на синоќешниот концерт на Цеца во Велес, кога пејачката го разви бугарското знаме на својот грб. Настанот предизвика бурни реакции кај публиката, дел од која ја исвирка, а организаторите набрзо ја повлекоа од сцената.
По ова, Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи со остра реакција и отворена поддршка за македонскиот народ.
Во нејзиниот статус, Карлеуша напиша:
„Со сето свое срце сум со прекрасниот народ на Македонија, кој не го заслужува ваквото непочитување од страна на пејачи што доаѓаат да настапуваат во Македонија. Го осудувам овој потег на дотичната и сметам дека не станува збор ниту за глупост, ниту за незнаење. Прво, да се завиткаш во знамето на држава која го оспорува постоењето на државата Македонија, потоа да го бакнеш тоа знаме во сред Македонија – а за да биде уште пострашно, истото тоа знаме потоа да го фрлиш на подот…“
Пејачката порача дека „уметноста не смее да биде изговор за непочитување на една земја и нејзиниот народ“.

До овој момент тимот на Цеца Ражнатовиќ нема дадено официјална изјава по повод скандалот и реакцијата на Карлеуша, а јавноста со нетрпение очекува дали и како Цеца ќе одговори.
Шоу Биз
СКАНДАЛ НА КОНЦЕРТОТ ВО ВЕЛЕС: Цеца рашири бугарско знаме, следуваа свирежи од публиката
На синоќешниот концерт на Светлана Цеца Ражнатовиќ во спортската сала Гемиџии во Велес, се случи вистински инцидент што предизвика бурни реакции меѓу присутните.
За време на настапот, додека пејачката ја изведуваше една од своите балади, некој од публиката ѝ подаде бугарско знаме. Цеца, без двоумење, го рашири и го стави врз себе, по што продолжи да пее.


Овој потег, разбирливо, не беше најдобро прифатен од публиката која почна да негодува со гласни свирежи. Според сведоци, обезбедувањето веднаш реагирало и ја повлекло пејачката од сцената, по што настапот бил прекинат на кратко.
Настанот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците поделено реагираат — едни сметаат дека се работи за недоразбирање, а други дека гестот бил несоодветен и провокативен.
До моментот на објавување на овој текст, од тимот на Цеца Ражнатовиќ нема официјален коментар за инцидентот.
-
Шоу Бизпред 2 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 4 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 2 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 4 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 3 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 1 месецНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Шоу Бизпред 4 месециМарко Михајловиќ – младиот клавијатурист од Србија со нови музички хоризонти
-
Шоу Бизпред 4 месециПродукција Зона М1 прослави 7 години од своето постоење
