Поврзете се со нас

Шоу Биз

Миро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот

Објавено

на

Во време кога успехот често се мери со титули и профити, Миро Костовски е доказ дека вистинската големина на човекот лежи и во неговата душа, вредностите што ги негува и луѓето што ги собира околу себе. Роден во Дебар, со длабоки корени веднаш до манастирот Рајчица, од каде што потекнува неговата мајка, животот на Миро е спој на традицијата, професионализмот и една ретка страст – љубовта кон животот и луѓето.

Дипломира на Градежниот факултет во Скопје, Миро ја гради својата кариера со визија и упорност. Денес, тој е успешен бизнисмен, сопственик на компаниите „Металмонтинг“ и „Инженеринг Трејд“, со респектабилна позиција во градежниот сектор. Но она што го прави посебен не се само неговите деловни успеси, туку начинот на кој тој ја живее секоја улога што животот му ја нуди – како пријател, домаќин, фан на добрата музика, поддржувач на заедницата.

Реклама
Во Твоја Зона

Подалеку од канцелариите и градежните проекти, Миро е двигател на забавниот живот со сопствениот приватен клуб за забава – Крејзи Мјузик. Овој простор не е само место за забава, туку вистинско светилиште на ретро музиката, добрите вибрации и пријателството. Забавите што ги организира не поминуваат без неговите најблиски – неговиот долгогодишен пријател Марјан Тасевски и Светлана Тасевска, кои се нераскинлив дел од секоја прослава.

Миро е исто така активен поддржувач и соработник на Радио Зона М1 и продукцијата Зона М1, каде што преку своето учество ја промовира културата на заедништво и љубовта кон музиката. Тој е голем фан на радиото и чест гостин на нивните настани. Нераскинлив дел од живото на Миро е и носталгијата, носталгијата по еден минат дел од општеството, носталгијата по државата во која израснал – Југославија. Време и ера за која Миро со носталгија зборува како за време на единство, култура и достоинство.

Покрај неговата пасија по музика и забави, Миро е и голем љубител на фотографирање, тоа е, уште едно негово хоби. На социјалните мрежи, Миро е активен хроничар на сопствениот живот. Илјадници фотографии од забави, пријателства, насмевки и моменти што вреди да се запомнат. Кога пријателите го прашуваат зошто објавува толку многу, со насмевка и во свој стил одговара:
„Да ги нервирам оние што не знаат да се забавуваат.“

Зад таа шега се крие и суштината на неговиот карактер – тој не прави компромис со среќата и со радоста од живеењето. За него, секоја забава е вредност, секоја фотографија – сведоштво за едно пријателство, една љубов, еден миг.

Миро не го заборава својот роден крај, ниту своите духовни корени. Активно помага во изградбата и обнова на црковни храмови, последно, помага во изградбата на црквата СВ. Димитрија во Пареши, Дебарско. Но она што го издвојува е неговата широка душа – тој исто така донира и за џамии и исламски храмови. За него верата не е поделба, туку мост. Верува во заедништвото, во хуманоста и во доброто што секој човек го носи во себе.

Миро Костовски не е само успешен човек – тој е симбол на едно време кога вредностите беа различни, кога пријателството, добрината и заедништвото се славеа. И токму затоа, и денес тој неуморно се труди да ги оживее тие вредности – преку својата работа, музика, фотографии, забави и донации.

Тој е човек кој не живее во минатото, туку го носи најдоброто од него во сегашноста – и го споделува со сите што имаат среќа да бидат дел од неговиот свет.

Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Ѕвездени носталгии тема – Срцето не е камен 28.07.2026

Објавено

на

Од

Каменот не чувствува тежина од она што го носи, а срцето ја памети секоја љубов, секоја болка и секое простување. Колку повеќе се обидува да стане тврдо за да не биде повредено, толку повеќе ја губи својата вистинска природа. Зашто силата на срцето не е во тоа да не чувствува, туку да остане живо и способно да љуби, дури и кога светот го учи на спротивното. Бог не му дал на човекот срце за да стане камен, туку за преку неговата мекост да ја препознае вечноста. Каменот останува ист низ вековите, но срцето расте секогаш кога избира милост наместо омраза, вистина наместо гордост и љубов наместо страв. Само срце што знае да се скрши може повторно да биде составено од Божјата благодат. Науката вели дека тоа непрестајно се приспособува – неговиот ритам се менува со секоја емоција, со секоја мисла и со секој здив.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што е живо не е создадено да биде неподвижно, туку да одговара на животот. Затоа, ако срцето се претвори во камен, не ја губи само својата чувствителност, туку и својата суштина. Вистинската сила не е во нечувствителноста, туку во способноста повторно да се отвори, да простува и да љуби, и покрај сите рани. На крајот, не се мери големината на човекот по тоа колку успеал да го стврдне своето срце, туку по тоа колку успеал да го сочува живо. Каменот не страда, но ниту љуби. Срцето, иако ранливо, е единственото место каде што болката може да се преобрази во мудрост, простувањето во слобода, а љубовта во вечност. Само срце што останало човечко може да стане храм на Божјото присуство.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ