Шоу Биз
Продукција Зона М1 прослави 7 години од своето постоење
На 5-ти јули на приватна локација и на отворено, Продукција Зона М1 ги прослави своите 7 години постоење на сцена полна со звуци на успех, посветеност и креативност. Од своето основање, продукцијата ги опфаќа сите аспекти на уметничкото создавање.



„Зона М1 продукција“ успешно организира настани, снима спотови и несебично дава поддршка на талентирани уметници. Во изминатите седум години, студиото успеа да изгради репутација и да стане омилено место за многу познати и нови изведувачи. Многу од артистите што прошле низ студиото денес се признати фигури на музичката сцена и продолжуваат да растат со помош на поддршката од „Зона М1“. Прославата на овој значаен јубилеј не беше само ретроспектива на постигнатото, туку и поглед во иднината на музичката сцена.



Јубилејната прослава за 7 години постоење беше свечен настан на кој беа поканети и присуствуваа роднини, пријатели, актери, новинари, пеачи, претприемачи и разни соработници. Присуствуваа над 120 гости, во прекрасен амбиент под отворено небо, со вкусна храна и богати пијалоци, со одличен звук, диџеј сет, гостите се забавуваа до раните утрински часови.


Како што секој успех е само основа за нови предизвици, така и „Зона М1 продукција“ гледа во иднината со нови идеи и проекти, целта е да продолжат да иновираат и да придонесуваат кон развојот на музичката индустрија.


„Зона М1 продукција“ не само што го прослави својот значаен јубилеј, туку и ја потврди својата позиција на музичката иновација во регионот. Со многу повеќе планови и амбиции за иднината, оваа продукција сигурно ќе остане важен играч на музичка сцена, кој ќе продолжи да влева енергија и инспирација во идните генерации на уметници и музички љубители.
Шоу Биз
Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња
Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.
Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.



Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.




Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.
Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.
За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.
Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.
18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
