Шоу Биз
Јордан Митев стана татко, а што прави дел од македонската естрада

Македонската музичка сцена е жива и полна со активности – познатите изведувачи низ земјава и надвор од неа продолжуваат со концерти, нови проекти и убави вести. Ајде да видиме каде се и што прават дел од македонската естрада.
Еден од најголемите актуелни настани е проектот „Македонијо во срце те носиме“, кој го обедини врвот на македонската естрада. Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Спасен Сиљаноски, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Мина Блажев, Марија Спасовска и Александар Тарабунов веќе неколку недели одржуваат концерти низ целата држава. Последниот настап беше во Прилеп, каде што публиката им приреди овации за концертот исполнет со патриотски и народни ноти.
Меѓу најинтересните моменти беше и „заобиколената“ најава на Наум Петрески дека работи на нов материјал – дали станува збор за целосен албум или само нова песна, останува да видиме.
Во меѓувреме, Влатко Миладиновски најави австралиска турнеја заедно со брат му Златко и колегата Дамјан Стојановски, што ќе биде вистинска музичка атракција за нашата дијаспора.
Анета Љумаковска, пак, по своето гостување на Радио телевизија Србија по повод одбележувањето на 90 години постоење, каде што изведе неколку македонски народни песни, се подготвува за настап на традиционалната Велешка питијада на 12 октомври.
Исто така, Стојне Николова веќе најави нови проекти, оставајќи ја јавноста во исчекување за следните изненадувања на сцената.
За една од најубавите вести се погрижи Јордан Митев, кому на Крстовден му се роди син, кому му го даде името Кристијан.
Очигледно е дека македонските пејачи не мируваат – со концерти, нови песни, турнеи и лични радости, тие уште еднаш потврдуваат дека ја носат музиката во срцето и сакаат свите професионални и природни радости да ги споделуваат со својата публика.
Шоу Биз
СКАНДАЛ ИЛИ ПОМИРУВАЊЕ? Боки 13 и Сека лице в лице после деценија и пол кавги!

Контроверзниот и секогаш спектакуларен Бојан Јовановски – Боки 13, по бурните години исполнети со судски процеси, здравствени проблеми и медиумски турбуленции, повторно се враќа на голема врата. Неговиот проект „Б Поткаст“, кој лани привлече огромно внимание, на 30 септември ја стартува својата втора сезона.
Она што Боки 13 го најавува како „невидено досега“ е сосема ново, ултра модерно студио и продукција што, според него, ќе ги помести стандардите на регионалната медиумска сцена. Но вистинската бомба е првата гостинка: Сека Алексиќ, една од најголемите регионални музички ѕвезди.
Она што ја прави оваа епизода уште поексклузивна е фактот што Боки 13 и Сека Алексиќ речиси 15 години беа во медиумска војна, со препукувања и јавни изјави кои редовно полнеа насловни страници. И токму затоа, нивната средба во „Б Поткаст“ се очекува со огромен интерес – дали е дојдено до конечно помирување, искрен разговор или пак нова медиумска бура?
„Ова е само почеток на една сосема нова ера. Подгответе се за невидено шоу, изненадувања и гости какви што досега не сте виделе,“ вели Боки 13, јасно ставајќи до знаење дека втората сезона ќе биде на ниво кое надминува сè досега.
Со Сека Алексиќ како прв гостин – и со историјата што ги поврзува – стартот на „Б Поткаст“ сезона 2 ветува вистински спектакл кој ќе ја тресе јавноста долго потоа.
-
Шоу Бизпред 3 недели
На 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месеци
Водителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 3 месеци
Импресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 1 месец
Настапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 2 месеци
Миро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 5 дена
Нино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Шоу Бизпред 3 месеци
Продукција Зона М1 прослави 7 години од своето постоење
-
Шоу Бизпред 3 месеци
Марко Михајловиќ – младиот клавијатурист од Србија со нови музички хоризонти