Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Ексклузивно: Сашо Младеновски – од „Мелодија“ до сопствено музичко студио

Објавено

на

Македонската музичка сцена отсекогаш криела таленти кои зад себе оставаат силен впечаток, а еден од нив е и Сашо Младеновски. За јавноста најпознат како клавијатурист и поранешен член на легендарната група „Мелодија“, Сашо со години е присутен во светот на музиката, но денес неговата приказна добива сосема нова димензија.

🎹 Сајзерист кој знае да ја „запали“ публиката
На повеќе концерти и настапи ширум Македонија, Младеновски беше оној што со неколку акорди знаеше да ја крене атмосферата и да го привлече вниманието. „Мелодија“ беше бенд кој остави трага во своето време, а токму Сашо беше еден од оние кои ја носеа магијата на сцената.


🔥 Од бендовска сцена до свој свет
По разделбата со „Мелодија“, многумина помислија дека Сашо ќе се повлече од јавноста. Но, музичарот ја искористи шансата да ја покаже својата друга страна – онаа зад сцената. Денес тој е горд сопственик на сопствено музичко студио, модерно опремено и отворено за сите што сакаат квалитетен звук и професионален пристап.

🎤 Пикантерија за љубопитните
Она што малкумина го знаат е дека во неговото студио често навраќаат и познати пејачи, кои баш кај него наоѓаат инспирација за нови хитови. Иако Сашо вешто го чува имињата во тајност, музичките кругови шепотат дека токму таму се снимени неколку песни што наскоро ќе ја „взриват“ македонската естрада.

Мисија: музика без граници
Младеновски и денес живее со истата енергија и љубов кон музиката. Тој не е само музичар, туку и продуцент, аранжер и ментор на млади таленти. Неговата приказна е доказ дека вистинскиот уметник никогаш не престанува да создава – само ја менува сцената на која настапува.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

ЗАБАВНА

Летен концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“: 29 бенда, 120 ученици и моќна рок програма на „We Will Rock You“

Објавено

на

Од

На 7 јуни, во Паркот на Франкофонијата, се случи настан што долго ќе се памети. Музичкото училиште Ентерпрајз пред повеќе од 1000 посетители го одржа својот летен концерт „We Will Rock You” и со моќна рок програма ја заврши оваа учебна година.

Концертот се состоеше од настап на 29 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, при што секој бенд изведе по една песна. Вкупно настапија 120 ученици, а програмата беше составена од обработки на некои од најпознатите рок класици. Секоја нумера беше изведена од различен бенд – со нови гласови, нови лица и нова енергија кои на сцената звучеа и изгледаа како вистински професионалци.

Вистинско освежување на концертот беа прекрасните најави на актерот Рубенс Муратовски, којшто помеѓу песните раскажуваше делови од светската Rock’n’Roll историја, притоа најавувајќи ја секоја следна композиција.

Фото: Ентерпрајз архива

Пред да започне концертот, задачата за загревање на публиката му припадна на DJ Amfor, кој со внимателно одбраниот репертоар, одлично се вклопи во целосниот концепт на настанот. Тремата не постоеше како фактор за овие добро подготвени млади музичари, а многубројната публика со овации ја даде својата несебична поддршка за овие млади ѕвезди. Големата бина на Паркот на Франкофонијата, силното озвучување, прекрасното осветлување и поддршката од големите видео бимови, допринесоа сево ова да се претвори во вистински музички спектакл. Беше навистина прекрасно доживување да се слушне со каква леснотија овие дечиња и млади луѓе се носеа со комплексните вокали и рифови на кои знаат да се сопнат и повозрасни и поискусни музичари.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, тоа што на сцена изгледаше лесно и природно е резултат на месеци вежбање, меѓусебна поддршка и посветена работа на целиот тим на Ентерпрајз. Овој безмалку тричасовен концерт со кој се одбележа јубилејот 50 години Општина Центар, беше дел од Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, во чија рамка Ентерпрајз доби можност да ги претстави своите ученици пред широката јавност. И секако – огромна благодарност до прекрасната многубројна публика која дојде, остана и аплаудираше до крај. Ве сакаме и ве чекаме на нашиот следен концерт!

Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ