Народна
Во рамки на проектот ,,Македонијо во срце те носиме”, Тарабунов во ритамот на татковината ни ја претстави ‘Мајко силна’
Со гордост и емоција, музичката сцена во Македонија го прослави новиот нотен бисер од проектот „Македонијо, во срце те носиме“ – песната „Мајко силна“, авторско дело на Александар Тарабунов. Директорот на проектот е „Скендеровски продукција“ кои повторно покажаа визија и посветеност кон зачувување и модернизирање на македонската музичка традиција.


Песната, чија музика и текст се потпишани од Тарабунов, аранжмански обработени од маестро Николче Мицевски, ја носи јасната порака за нераскинливата врска меѓу човекот и неговата татковина, испреплетувајќи ја традицијата со современ звук. Ова дело доаѓа како продолжение на патриотската мисија на проектот, која со секоја нова изведена песна го зацврстува националниот дух и од љубовта и гордоста кон татковината плете мрежа од непокор.


Во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ досега беа оживеани и препеани извонредни композиции како: „Не кажувај либе добра ноќ“ (изведена од Огнен Здравковски), „Како пиреј“ (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите“ (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша“ (Спасен Силјаноски), „Ја излези стара мајко“ (Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски) и „Нека живеј Македонија“ (Сузана Спасовска).


Со оваа нова композиција, проектот повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста и да ја потенцира својата важна културна мисија – да ја спои македонската музичка традиција со публиката, особено младите, и да ја одржи живорадна музичката баштина во современиот контекст.
Народна
,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!
Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.
Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.
Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.
Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.
Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.
27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!
Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.
Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 7 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 7 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
