Поврзете се со нас

Шоу Биз

Мито или не – Како заврши спорот за обвинувањето на Александар Темелоков кон Вики Миљковиќ

Објавено

на

Во еден македонски поткаст, поранешниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, јавно ја обвини тогашната неговата менторка, Вики Миљковиќ дека му побарала мито од 20.000 евра за да продолжи во натпреварот.

Веќе следниот ден, Вики го демантираше целиот случај и се закани со опомена пред тужба на социјалните мрежи, тврдејќи дека обвинувањата се „апсолутна лага“, клевета и ја навредуваат и ги нарушуваат нејзината кариера и интегритет. Со опомената кажа, доколку Темелков не се извини јавно и не ги повлече обвинувањата, може да се соочи со казна од 200 000 евра.

Реклама
Во Твоја Зона

Во одбрана на Вики Миљковиќ веднаш застана и Гранд продукција и излезе во медиумите со соопштение во кое се вели дека тие ги отфрлаат сите тврдења и ја поддржуваат Вики официјално. Дури се најавуваат правни мерки доколку обвинувањата не бидат повлечени .

Исто така, што е нормлано и нејзиниот сопруг, Драган „Ташке“ Ташковиќ, жестоко ја бранеше, го критикуваше Темелков и го обвини за „неосновани и болни“ оптужби и кажа дека веќе се подготвува тужба доколку Темелков јавно не се извини и не ги повлече обвинувањата.

Ден – два дена по бурниот настан, Давид Темелков публикуваше јавно обраќање, негирајќи ги своите зборови, потенцирајќи дека бил „погрешно сфатен“ и длабоко се извинува на јавноста, Вики Миљковиќ и продукцијата .

Во својата изјава тој вели – По повод случајот со мојата бивша менторка во „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ. Јас досега во мојата кариера не сум навредил никого, а најмалку би го направил тоа за мојата бивша менторка Вики Миљковиќ“, вели Темелков во своето обраќање преку социјалните мрежи. Погрешно сум разбран во една моја констатација во едно мое интервју, и заради тоа се извинувам на сите кои што погрешно го разбраа овој случај Никога не сум употребил погрдни зборови ни кон Вики Миљковиќ ни кон Гранд продукција, заради тоа што бев долго време дел од ‘Ѕвездите на Гранд’“, изјави Темелков и пото им посака среќа на сите кандидати во финалето од шоуто.

Одкако се смирија топките Вики Миљковиќ изјави дека Александар Темелков отишол дури и во Белград и им се извинил и на неа и на нејзиниот сопруг Ташке, образложувајќи дека можеби му требало малку публицитет.

Реклама
Во Твоја Зона

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Ѕвездени носталгии тема – Срцето не е камен 28.07.2026

Објавено

на

Од

Каменот не чувствува тежина од она што го носи, а срцето ја памети секоја љубов, секоја болка и секое простување. Колку повеќе се обидува да стане тврдо за да не биде повредено, толку повеќе ја губи својата вистинска природа. Зашто силата на срцето не е во тоа да не чувствува, туку да остане живо и способно да љуби, дури и кога светот го учи на спротивното. Бог не му дал на човекот срце за да стане камен, туку за преку неговата мекост да ја препознае вечноста. Каменот останува ист низ вековите, но срцето расте секогаш кога избира милост наместо омраза, вистина наместо гордост и љубов наместо страв. Само срце што знае да се скрши може повторно да биде составено од Божјата благодат. Науката вели дека тоа непрестајно се приспособува – неговиот ритам се менува со секоја емоција, со секоја мисла и со секој здив.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што е живо не е создадено да биде неподвижно, туку да одговара на животот. Затоа, ако срцето се претвори во камен, не ја губи само својата чувствителност, туку и својата суштина. Вистинската сила не е во нечувствителноста, туку во способноста повторно да се отвори, да простува и да љуби, и покрај сите рани. На крајот, не се мери големината на човекот по тоа колку успеал да го стврдне своето срце, туку по тоа колку успеал да го сочува живо. Каменот не страда, но ниту љуби. Срцето, иако ранливо, е единственото место каде што болката може да се преобрази во мудрост, простувањето во слобода, а љубовта во вечност. Само срце што останало човечко може да стане храм на Божјото присуство.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ