Народна
Јордан Митев најавува нова песна пред летната сезона
Познатиот македонски изведувач, Јордан Митев, објави дека во пресрет на најтоплите два месеца во годината, ќе го издаде својот нов музички проект. Соопштувањето за новата песна беше направено преку неговиот официјален профил на социјалните мрежи, каде што обожавателите можеа да прочитаат дека следи уште една нова песна со видео.
„Почитувани, пред да започнат најтоплите два месеца во годината од мојата работилница ќе излезе уште една нова песна. За неколку дена ќе биде пуштена новата песна со видео… Поздрав до сите каде и да сте!“ – напиша Митев.

Со оваа најава, Митев ги изненади своите фанови, кои со нетрпение го очекуваат новото музичко издание. Тој е познат по својата способност да создава хитови кои брзо се прифаќаат од публиката, и се очекува новата песна да продолжи со тој тренд.
Музичкиот видеоклип ќе биде објавен заедно со песната, а деталите околу темата и концептот на песната остануваат тајна за сега. Веруваме дека оваа нова песна ќе биде нов хит на Јордам Митев, што ќе ја разубави музичката сцена и ќе донесе свежина во летниот репертоар.
Љубителите на неговата музика се сигурни дека Јордан Митев и овој пат нема да разочара. Секој негов нов проект претставува голема настан за македонската музичка сцена и сите што го следат.
Остануваме во исчекување да видиме со што ќе не изненади овој пат Јордан Митев.
Народна
,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!
Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.
Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.
Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.
Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.
Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.
27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!
Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.
Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 7 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 7 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
