Шоу Биз
ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – На 17 октомври во „Јане Сандански“ ќе грми од хитови, гламур и спектакл!
Подгответе се за ноќ на која долго ќе се раскажува! Јелена Карлеуша, една од најголемите и најконтроверзни регионални музички ѕвезди, пристигнува во Скопје и на 17 октомври 2026 година ќе ја преземе сцената во Арена „Јане Сандански“!
Ова нема да биде само концерт. Ова ќе биде вистински сценски спектакл, спој на музика, гламур, моќна продукција, впечатливи костими, спектакуларни перформанси и енергија која се очекува да ја крене атмосферата до максимум!

Карлеуша во Скопје доаѓа со големо концертно шоу и репертоар исполнет со нејзините најпознати хитови, песни кои со години се дел од музичкиот живот на Балканот. А кога на сцената ќе се појави таа вниманието е загарантирано!

Позната по својот специфичен стил, смелите сценски настапи и препознатливата визуелна естетика, Јелена Карлеуша секој свој голем концерт го претвора во спектакл. Токму затоа, очекувањата за скопскиот настап се огромни, а „Јане Сандански“ на 17 октомври ќе биде местото каде што ќе се сретнат музиката, гламурот и најголемите балкански хитови.


И не очекувајте мирна саботна вечер!
Очекувајте гласна музика, илјадници гласови кои пеат во еден здив, блескава сцена, моќни перформанси и атмосфера која ќе ја раздвижи цела Арена!
17 ОКТОМВРИ – ДАТУМ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ!
Арена „Јане Сандански“, Скопје
Јелена Карлеуша
Почеток: 19:00 часот
Скопје ќе биде домаќин на голема регионална музичка ѕвезда, а публиката ќе има можност во живо да ги слушне нејзините најголеми хитови и да биде дел од концертно шоу подготвено во голем стил.
Влезниците се достапни преку Vleznica.mk.
17 октомври, „Јане Сандански“ – Скопје.
Една вечер, една сцена, една Јелена Карлеуша и спектакл за кој скопската публика допрва ќе зборува!
Шоу Биз
ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR
Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.
Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.
„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.
Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.
Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.
А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.
Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.
-
Шоу Бизпред 8 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 7 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 7 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 8 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 6 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 8 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 5 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
