Поврзете се со нас

Шоу Биз

Заврши Меморијалниот турнир „Љубанци 2026“ – сеќавање, фудбал, музика

Објавено

на

Со одличен фудбал, голема посетеност и празнична атмосфера, заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Љубанци 2026“, кој се одржува во спомен на загинатите бранители од 2001 година.

Во текот на целиот месец, на игралиштето со вештачка трева во Љубанци се одиграа голем број натпревари, со рекорден број на екипи и рекордна посетеност. Турнирот и годинава покажа дека спортот, дружењето и почитта кон загинатите можат да обединат голем број граѓани и да создадат манифестација која со нетрпение се очекува.

Завршницата беше проследена и од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, како и претставници на локалната самоуправа, организаторите и бројни љубители на спортот.

Реклама
Во Твоја Зона

На финалната вечер присуствуваше и претставник на Радио Зона М1, кој ги пренесе своите импресии од атмосферата, спортскиот дух и одличната организација на турнирот.

По одиграните натпревари, екипата на Компанија Атанасовски го освои првото место и стана победник на овогодишното издание на меморијалниот турнир.

Второто место ѝ припадна на екипата Црна Река, која беше достоен противник во финалната борба, додека Томи и Деси го освоија третото место.

Реклама
Во Твоја Зона

За најдобрите екипи, Општина Бутел, како генерален покровител, обезбеди рекорден награден фонд од 750.000 денари, со што даде значаен придонес за реализацијата на турнирот и за поддршката на спортот во општината.

Но, финалната вечер не беше резервирана само за фудбалот. По натпреварите, присутните уживаа и во забавно-музичка програма, која дополнително ја збогати атмосферата и го претвори завршетокот на турнирот во вистинско дружење за сите генерации.

Реклама
Во Твоја Зона

Програмата започна со настап на Фолклорно студио „Плетеница“, кое со својата изведба ѝ даде посебен белег на вечерта, а публиката имаше можност да ужива и во настапот на познатата македонска пејачка Елена Велевска.

Така, спортот, музиката, дружењето и традицијата уште еднаш се обединија во Љубанци, создавајќи финална вечер за паметење.

Реклама
Во Твоја Зона

Меморијалниот турнир „Љубанци“ не е само спортско натпреварување, туку и начин да се зачува споменот на загинатите бранители и да се негуваат вредностите на заедништвото. Воедно, тој е и место каде што се среќаваат спортот, дружењето, музиката и традицијата.

Благодарност до Општина Бутел, како генерален покровител на Меморијалниот турнир „Љубанци 2026“, за поддршката, обезбедениот рекорден награден фонд и вложувањето во спортските и меморијалните манифестации. Со вакви настани се создаваат убави моменти за народот, се поттикнува спортскиот дух и се негуваат вредностите на заедништвото. Веруваме дека и во иднина Општина Бутел ќе продолжи да ја поддржува оваа традиција и да овозможува уште повеќе вакви настани за граѓаните.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ