Поврзете се со нас

Шоу Биз

„Питијада 2026“ од 9 до 11 октомври – Велес повторно ќе замириса на пита, вино и добра музика

Објавено

на

ВЕЛЕС – Вкусот на традицијата, мирисот на велешката пита, добро вино и тридневна музичка забава и годинава ќе го одбележат едно од најочекуваните есенски случувања во Велес – „Питијада 2026“.

Од 9 до 11 октомври, Велес повторно ќе биде место каде што традицијата и гастрономијата ќе се спојат со музиката и добрата забава. Овогодинешното издание на фестивалот на велешка пита и вино го носи мотото „Вкус што раскажува традиција“, а организаторите веќе ги најавија и првите имиња од музичката програма.

Фестивалот ќе започне во петок, традиционално со најмладите, со настап на децата од градинките, по што следува еден од препознатливите моменти на „Питијада“ – подготовката на џиновската пита пастрмајлија.

Реклама
Во Твоја Зона

Петочната вечер ќе продолжи со музичка програма, а како главна ѕвезда е најавен Влатко Лозаноски – Лозано, кој ќе биде задолжен за завршницата на првата фестивалска вечер.

Сабота, пак, е резервирана за балканскиот поп-звезден спектакл. Пред велешката публика ќе настапи Наташа Беквалац, која со своите хитови се очекува да привлече бројна публика од Велес, но и од други градови.

Реклама
Во Твоја Зона

Неделата ќе донесе уште една голема музичка вечер. По барање на бројни велешани, на сцената ќе настапи легендарната „Црвена Јабука“, додека пред нив ќе пее Давид Темелков.Но, музичките имиња тука не завршуваат. Останатите учесници сè уште се договараат, па се очекува програмата дополнително да биде збогатена во периодот што следува.

„Питијада“ со години прераснува во препознатлив симбол на Велес, манифестација која покрај гастрономската понуда носи и богата културно-забавна програма. И оваа година се очекува фестивалот да ги собере велешани, гостите од цела Македонија и љубителите на традиционалната велешка пита, доброто вино и музиката.

Реклама
Во Твоја Зона

Подготовките за „Питијада 2026“ се веќе во тек, а организаторите најавуваат дека повеќе детали и комплетната програма ќе бидат објавени наскоро.

Едно е сигурно од 9 до 11 октомври Велес ќе биде градот на питата, виното и добрата музика.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ