ЗАБАВНА
МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: Јоце Панов СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО Филхармонија на Република Македонија
На 18 март 2026 година (среда) со почеток во 20:00 часот, во една од најпрестижните концертни сали во земјата, ќе се одржи големиот солистички концерт на Јоце Панов – вечер која ветува силни емоции, врвна музика и незаборавна атмосфера.

Овој концерт претставува посебен музички настан во кариерата на Панов. Публиката ќе има можност да ги слушне неговите најголеми хитови, внимателно избрани балади, како и динамични песни кои ја кренале публиката на нозе низ годините. Дел од репертоарот ќе биде изведен во нови, специјално подготвени аранжмани, прилагодени на акустиката и величественоста на салата на Филхармонијата.
Зона М1 радио – медиумот што го препозна талентот на Јоце Панов од самиот почеток

Уште од неговите први музички чекори, Зона М1 радио беше медиумот што го отвори просторот и го претстави Јоце Панов пред пошироката публика. Токму преку радиобрановите на оваа станица, јавноста за првпат имаше можност да го запознае неговиот автентичен вокал и силната емоција што ја носи во своите интерпретации.
Неговото откривање се случи со песната „Твојте очи Лено мори“, традиционална песна од егејскиот дел на Македонија, која во изведба на Панов доби нова енергија и современ израз. Песната брзо го привлече вниманието на слушателите и стана препознатлив белег на неговите почетоци.
Од тој момент па натаму, Зона М1 радио му пружаше сесрдна и континуирана поддршка во текот на неговата кариера – промовирајќи ги неговите нови песни, најавувајќи настапи и следејќи го секој негов музички успех.
Поддршката од медиум кој верува во домашната музика и ги негува македонските вредности беше значаен поттик за развојот на неговата кариера. Денес, кога Јоце Панов зад себе има бројни хитови и концерти, почетоците и подадената рака од Зона М1 остануваат важен дел од неговата музичка кариера
Настапот ќе биде придружуван од врвни музичари, со богата продукција, светлосни ефекти и сценска поставеност што ќе создаде вистинско концертно доживување.
Дополнителна возбуда носат специјалните гости, чии имиња ќе бидат изненадување за публиката. Тие ќе придонесат вечерта да добие уште поемоционален и свечен карактер.
Јоце Панов пред публиката ќе ги претстави и своите две најнови песни, кои веќе го привлекуваат вниманието на љубителите на македонската музика. Ова ќе биде посебна можност тие да се слушнат во живо, во величествената атмосфера на Филхармонијата.

Ова нема да биде само концерт – туку музичка приказна раскажана преку песни, емоции и директна комуникација со публиката. Секој тон ќе биде доживување, секоја песна – спомен.
Билетите се очекува да предизвикаат голем интерес, затоа обезбедете го вашето место навреме и бидете дел од оваа музичка магија на 18 март 2026 во 20:00 часот во Филхармонија.
ЗАБАВНА
АРТЕ-ФАКТ СО ПРОМОЦИЈА НА „ВИСТИНА“ – МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ СО СВОЈА ПРВА АВТОРСКА ПЕСНА И ЈАСНА ПОРАКА
Младоста, ентузијазмот, љубовта кон музиката и желбата да се создава нешто свое се најдобриот рецепт за нови музички приказни. Токму една таква приказна испиша бендот Арте-Факт (Arte-fakt), кој во петокот, на 6 ноември, во скопскиот Public Room ја одржа промоцијата на видеоспотот за својата прва авторска песна „Вистина“.
Песната публиката првпат имаше можност да ја слушне на годинашното издание на фестивалот „Макфест“, каде што Арте-Факт се претстави со својот музички израз и успеа да обезбеди пласман во втората, ревијална вечер. Искуството од фестивалската сцена за младите музичари беше особено значајно, а позитивните впечатоци и поддршката од публиката им дадоа дополнителен мотив да продолжат по патот на авторското творештво.
Промоцијата во Public Room беше повеќе од обично претставување на нов видеозапис. Настанот беше замислен како можност за дружење, споделување впечатоци и разговор за целиот креативен процес што стои зад создавањето на „Вистина“. Во рамките на вечерта се одржа и панел-дискусија на која учествуваа членовите на бендот, продуцентот на песната Давор Јордановски, како и видео-продуцентот Александар Ристовски – Принц, заедно со дел од луѓето кои дадоа свој придонес и поддршка во реализацијата на проектот. Присутните имаа можност да поставуваат прашања и одблиску да дознаат повеќе за идејата, подготовките и работата зад песната и видеоспотот.





Она што заслужува посебно внимание е фактот дека зад ваквите проекти стојат млади луѓе кои не чекаат некој друг да им го отвори патот, туку самите се обидуваат да создаваат, да експериментираат и да го пронајдат своето место на музичката сцена.
Македонската музика има потреба од нови имиња, свежа енергија и авторски идеи, но пред сè има потреба од поддршка за оние кои се на почетокот на својот музички пат. Затоа, секој ваков чекор е важен, секоја нова песна е можност за нешто поинакво, а секоја сцена на која ќе застанат младите музичари е уште една можност нивниот талент да допре до публиката.
Арте-Факт со „Вистина“ го направи својот прв значаен авторски чекор. А кога зад желбата за успех стојат љубовта кон музиката, посветеноста и храброста да се создава сопствена приказна, тогаш вреди да им се даде простор и можност таа приказна да продолжи.
Поддршката за младите музичари не е само аплауз за едно претставување, туку вложување во иднината на македонската музичка сцена.
-
Шоу Бизпред 8 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 7 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 7 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 8 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 6 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 8 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 5 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
