ЗАБАВНА
На 9-ти мај во СЦ Јане Сандански – Нокаут со концерт кој само вам ви припаѓа!
После 30 години постоење на македонската естрада во оваа 2026-та година ќе знаете каде да ги најдете, на нивната специјална концертна вечер…На 9-мај во сабота, во 21 часот во СЦ Јане Сандански еден од најголемите македонски бендови „Нокаут“ со концерт кој само вам ви припаѓа!

Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..

Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена.
Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.

Она што за многумина е само желба и фатална опсесија, Нокаут се подготвени да ви го претворат во незаборавна импресија. Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, единствениот Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања. 9-ти мај СЦ Јане Сандански во 21 часот, концертен спектакл – 30 години Нокаут.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk
ЗАБАВНА
Радовиш на 28 август во знакот на македонскиот рок – „Меморија“ и „Ареа“ на една сцена
Летото полека се ближи кон својот крај, а последните августовски денови се исполнети со бројни културни и музички збиднувања низ Македонија. Естрада.мк е тука, колку што може, да ги проследи најинтересните настани и да ги доближи до пошироката публика, особено оние што носат добра музика, емоции и сеќавања.
Еден таков настан нè очекува на 28 август во Радовиш, каде што љубителите на македонскиот рок ќе имаат можност да уживаат во концертна вечер со две добро познати имиња од домашната музичка сцена – „Меморија“ и „Ареа“. Концертот се организира по повод Денот на македонските рудари, а локацијата е Паркинг „Орел“ во Радовиш.
Музичката вечер ќе започне во 21:00 часот, кога на сцената ќе настапи „Меморија“. Групата ќе ги потсети присутните на своите добро познати песни и на македонските рок-хитови кои со години се дел од музичкото паметење на повеќе генерации.
Од 23:00 часот сцената ќе биде резервирана за „Ареа“, еден од најпрепознатливите македонски рок-бендови, чиј репертоар со години е присутен во македонскиот музички простор.
Она што дополнително го прави концертот привлечен е фактот што влезот е слободен, па се очекува на Паркинг „Орел“ да се соберат љубители на македонската рок-музика од Радовиш и околината, но и посетители кои сакаат последните августовски денови да ги поминат со добра музика и добро друштво.
Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник „Бучим“, а концертната програма е дел од одбележувањето на Денот на македонските рудари. Според најавите, со оваа концертна вечер продолжува и традицијата на јавно одбележување на 28 август во Радовиш.
Така, август во Радовиш ќе заврши со звукот на македонскиот рок, познатите рефрени и песни кои ги поврзуваат различните генерации. „Меморија“ и „Ареа“ на една сцена се доволна покана за уште една музичка вечер под отворено небо и уште едно убаво збогување со летото.
Естрада.мк ќе продолжи да ги следи настаните низ Македонија и да ви ги носи најинтересните фестивали, концерти и културни случувања.
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
