Шоу Биз
Грандиозен концерт на 1 ноември во чест на роденденот на Бора Чорба
На 1 ноември, токму на денот кога легендарниот Бора Чорба го слави својот роденден, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се претвори во центар на најголемото славење на рокенрол духот во регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер исполнета со енергија, страст и вистински звук на гитари.
На сцената ќе настапат некои од најголемите имиња на балканската рок сцена – Влатко Стефановски Трио, легендарната Рибља Чорба, како и популарната Галија. Настанот ќе биде вистински празник за сите љубители на автентичниот рокенрол звук, кој со децении го обликува музичкиот идентитет на овие простори.
Организаторите најавуваат многу изненадувања и специјален гостин, чиј настап се чува во тајност, но ветуваат дека ќе донесе дополнителна магија на вечерта.
Концертот се очекува да биде еден од најпосетените музички настани оваа есен во Македонија, а билетите веќе се бараат повеќе од очекуваното.
Арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај на 1 ноември – вечер кога Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот.
Шоу Биз
Музичкото училиште „Ентерпрајз“ ги објави уписите за 25-та рок сезона
Ентерпрајз е единственото рок училиште во Македонија и во изминативе две децении низ училиштето поминаа повеќе од 1500 ученици. Наставата во Ентерпрајз се одвива во групи во кои се изучува соло пеење, гитара, бас гитара, тапани и клавијатури, со можности за комбинирање и паралелно изучување на повеќе сегменти. За да станете член на големото и насмеано семејство на Ентерпрајз доволно е да имате желба за свирење или пеење (а може и двете).
Ентерпрајз работи според филозофијата дека секое дете е талентирано за музика но потребно е некој да го насочи и да го охрабри. Затоа во Ентерпрајз нема аудиции и приемни испити. Исто така, тимот на Ентерпрајз верува дека учењето на музика треба да биде весел и забавен процес кој најлесно се реализира доколку го свирите или пеете она што го сакате. Токму затоа во Ентерпрајз учениците уште од самиот почеток имаат можност да ги изберат жанровите кои ги сакаат и преку кои ќе го изучуваат инструментот или ќе го вежбаат пеењето. А веќе на крајот на првото полугодие учениците се подготвени за првиот јавен настап на професионална сцена. Концертите на Ентерпрајз кои се одржуваат два пати годишно, претставуваат неповторливо искуство за учениците и можност да го покажат знаењето пред огромна публика. Како звучат и како изгледаат концертите на Ентерпрајз, погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/@EnterpriseMusicSchool





Уписите ќе се одвиваат на 2 септември 2026 година во просториите на Музичкото училиште Ентерпрајз (Трговски центар Олимпико, ул. Лондонска 19, 1000 Скопје) со почеток од 19 часот. Сите дополнителни информации за училиштето може да ги најдете на следниов линк: https://linktr.ee/musicschoolenterprise
Фото: Ентерпрајз архива
-
Шоу Бизпред 6 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 5 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 5 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
