Поврзете се со нас

Шоу Биз

По само неколку дена, „Јанка Гоцева“ на Мелани Тарчуловска ја освои публиката

Објавено

на

Само по неколку дена од премиерата, новата песна на Мелани Тарчуловска доживеа голем успех и топло беше прифатена од публиката. „Јанка Гоцева“ веднаш ги освои срцата на слушателите, кои со емоции и восхит ја прегрнаа оваа искрена и болна музичка приказна.

Мелани, која несомнено тргна по стапките на својата мајка – познатата пејачка Соња Тарчуловска, со овој проект уште еднаш потврди дека младоста и талентот можат да создадат уметност што ќе остане да живее. Нејзината нова песна „Јанка Гоцева“ е вистински бисер во музичката ризница, дело кое буди најдлабоки емоции и нè потсетува на непрежалената љубов на големиот револуционер Гоце Делчев и неговата сакана Јанка.


Со нежност, болка и искреност во интерпретацијата, Мелани успева да ја долови приказната за една љубов прекината со трагична судбина. Секоја нота, секој стих во „Јанка Гоцева“ е обоен со копнеж и тага, како одек на незапишаните писма и некажаните зборови кои останале меѓу два млади живота.


Она што оваа песна ја прави посебна е моќта да ја пренесе тагата на генерации, но и гордоста за еден живот посветен на слободата. Публиката тоа веднаш го препозна, па така, само за неколку дена по премиерата, песната доживеа огромен успех. Коментарите се преполни со восхит, за што сведочат коментарите на слушателите.

Особен впечаток остава и видео-спотот, снимен на прекрасниот предел над езерото Козјак. Величествената природа таму дополнително ја нагласува емоцијата на песната, создавајќи сцени што одземаат здив и ја носат приказната на уште повисоко уметничко ниво.

Мелани уште еднаш потврдува дека талентот не е случајност и дека успешно може да плива и во народниот мелос, стил кој е различен од нејзините предходни песни кои беа со по модерен ритам. Наследувајќи ја емоцијата и моќниот израз на својата мајка, таа влева нов живот во традицијата, носејќи свежина и младешка енергија во современата македонска музика.

„Јанка Гоцева“ не е само песна, таа е музички споменик, омаж на една љубовна приказна која останала вечна, и на еден јунак чие дело засекогаш ќе гори во македонската душа. Со ова дело, Мелани Тарчуловска го зацврсти своето место на сцената и покажа дека иднината на македонската песна е во сигурни раце.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Фестивал на питата и виното – Питијада 2025 во Велес со програма за сите генерации

Објавено

на

Од

Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2025“ оваа година ќе се одржи по 13-ти пат, во периодот од 10 до 12 октомври на добро познатата локација – просторот пред кафетериите на улица „Благој Ѓорев“ во Велес. Тридневната манифестација која веќе одамна ја надмина локалната рамка, и оваа година носи богата културно-забавна програма за сите генерации, под мотото „Традиција на вкусна хармонија“.

Програма по денови

Петок, 10 октомври
Почетокот е резервиран за најмладите – другарчињата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, а веднаш потоа ќе биде исечена џиновската пита која секоја година руши рекорди. На бината први ќе настапат велешаните Група Соната и специјалниот гостин Перо Христов, по што следуваат добро познатите 2 Бона, Куку Леле и македонската дива Калиопи, која ќе ја заокружи првата фестивалска вечер.

Сабота, 11 октомври
Дневната програма започнува во 12 часот со забавата за децата и нивните омилени маскоти Стела и Сани. Вечерта ќе донесе многу музика и добра енергија со настапите на Кате и Ѓоко Ѓорчев, Пајак, Мики Секуловски, а големото финале на втората вечер ќе биде со балканската ѕвезда Северина.

Недела, 12 октомври
Фестивалското финале ќе започне со програмата за најмладите од „Златно славејче“ на пладне, а вечерта ќе ја одбележат настапите на Анета Љумаковска, Либеро Бенд и Викторија Лоба. Специјалните гости Бајага и Инструктори ќе го затворат овогодинешното издание на Питијадата, оставајќи силен музички печат и незаборавна атмосфера.

Водител на фестивалот

И оваа година, низ тридневната манифестација ќе нè води актерот и стенд-ап артист, велешанецот Стефан Николовски, кој веќе е традиционален дел од Питијада.

Порака до посетителите

Фестивалот на велешка пита и вино е настан кој обединува вкусна храна, квалитетно македонско вино и врвна музика – по вкус на сите генерации. „Сите патишта водат кон Велес – ве очекуваме!“

Питијада 2025 – вкусот на традицијата, хармонијата на музиката и духот на Велес!

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ