Поврзете се со нас

Шоу Биз

На 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт

Објавено

на

Во дворот на црквата „Св. Јован Крстител“ во с. Булачани, на 18 септември (четврток) со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи голем хуманитарен концерт под наслов „Во ритам на хуманоста“. Настанот има единствена цел – преку музика, забава и заедништво да се соберат хуманитарни средства и да се испрати порака на љубов и поддршка.

Концертот е јавен и отворен за сите граѓани, а организаторите најавуваат вечер исполнета со богата музичка програма и добра забава. На сцената ќе настапат големи музички имиња: Влатко Миладиновски, Никола Станишиќ, Дамјан Стојановски, Елена Андоновска, Благоја Грујовски, Методија Столески, MIYATTA, Василија Петрова, Сања Здјелар, како и групите Екстра Бенд, Енигма Бенд, Ќустек зурли и тапани, ФА „Седенка“ и ВИС „Аманет“.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат не само во разновидната музика, туку и во добра скара и вистинска народна атмосфера. Организаторот Симона Велковска најави дека концертот ќе биде соодветно обезбеден за сите посетители да се чувствуваат безбедно и пријатно.

Реклама
Во Твоја Зона

„Да се обединиме заедно и да покажеме дека срцето најубаво чука – во ритамот на хуманоста!“, порачуваат организаторите, најавувајќи дека наскоро ќе биде објавен и официјалниот репертоар на вечерта.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ