Поврзете се со нас

Народна

Сплотени во музика – започнува големиот концертен караван „Македонијо во срце те носиме“

Објавено

на

Во рамките на големиот проект „Македонијо во срце те носиме“, деновиве излезе и последната песна која претставува круна на оваа музичка приказна. За првпат, сите 12 изведувачи кои се дел од проектот застанаа заедно на едно дело, создавајќи композиција што е повеќе од музика, песната ,,Роде мој” носи порака за сплотеност, љубов кон татковината и верба во иднината.




Во видео записот се вметнати сите учесници, но и прекрасните пејсажи на Македонија – од езерата и планините, до историските градови и културното наследство. На тој начин, песната не само што ја носи силната порака на заедништво, туку и ја прикажува убавината на нашата земја, како потсетник дека имаме за што да бидеме горди и што да чуваме.



Проектот не завршува тука – напротив, неговата енергија продолжува да живее преку голем концертен караван што ќе патува низ Македонија во периодот од 26 август до 24 септември. Караванот е осмислен да го доближи духот на песната и на целокупниот проект до што е можно повеќе граѓани, да ги обедини сите генерации и да ги исполни градските плоштади со музика, радост и заедничка емоција.

Концертниот караван ќе го следи следниот распоред:

  • 26.08 – Охрид, 20: 00 часот
  • 31.08 – Делчево, 20:00 часот
  • 03.09 – Штип, 20:00 часот
  • 10.09 – Струмица, 20:00 часот
  • 14.09 – Битола, 20:00 часот
  • 17.09 – Гостивар, 20:00 часот
  • 21.09 – Велес, 20:00 часот
  • 24.09 – Прилеп, 20:00 часот

Со овој проект, Македонија уште еднаш докажува дека музиката е еден од најмоќните начини за обединување. „Македонијо во срце те носиме“ не е само уметничко дело, туку и симбол на заеднички дух, на почит кон минатото и надеж за иднината.

Концертниот караван ветува незаборавни моменти, исполнети со музика и емоции што ќе потсетат дека кога сме заедно, можеме многу повеќе.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Народна

Од Јонче до Наум – и спомен за Андреј Ако умрам ил загинам во нова преработка

Објавено

на

Од

ЕСТРАДА.МК продолжува да ги следи сите преработки од проект Маекедонијо во срце те носиме, се до неговата завршница, со цел јавноста навреме да биде информирана за секоја нова песна и нејзината приказна.


Проектот „Македонијо во срце те носиме“ не запира. Песна по песна, оживуваат спомени, емоции и дела што оставиле длабоки траги во македонската музичка историја.


Овојпат, редот дојде на безвременската „Ако умрам ил загинам“, песна која првично ја испеа легендата Јонче Христовски и која со децении ја чува болката и гордоста на еден народ.


Во новата верзија, песната добива свежа сила преку гласот на Наум Петрески – пејачот кој и самиот е симбол на традицијата и македонската изворна песна. Обработката ја потпишува Николче Мицевски, чиј препознатлив стил повторно успеа да ја спои автентичноста на старото со современото музичко чувство.


Особено внимание заслужува и видео записот во кој преку фотографии се евоцирани спомени од пријателството и дружењето на Наум и Јонче Христовски. Вметнати се и кадри со посебна симболика – омаж кон прерано загинатиот Андреј од групата ДНК, кој остави неизбришлива трага на македонската сцена и неизбришлива болка кај македонската публика.


Со оваа изведба, „Ако умрам ил загинам“ добива нов живот за младите генерации, но истовремено останува верна на корените и емоцијата со која е создадена и ќе продолжи да го пренесува истиот оној жар што Христовски го остави зад себе.

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ има за цел преку современи изведби да ја зачува традицијата и да потсети на богатото музичко наследство што оставиле најголемите македонски уметници, тоа представува своевидно патување низ времето, а ЕСТРАДА.МК останува тука, да биде сведок и раскажувач на секој чекор до самиот крај.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ