Поврзете се со нас

Шоу Биз

Започна одбројувањето до „Охрид Фест 2026“: Анета Љумаковска, Смиља Митревска, Елена Андонова и Мишко Крстевски меѓу ѕвездите на Фолк вечерта

Објавено

на

Кога музиката има традиција, кога песната има душа, а сцената има историја, тогаш името е само едно – „Охрид Фест – Охридски трубадури“. Под светлата на најубавата фестивалска сцена покрај Охридското Езеро, одбројувањето до 33-тото издание на најпознатиот и најдолговечен летен музички фестивал во Македонија веќе започна.

Триесет и три години „Охрид Фест“ е место каде што се создаваат музички спомени, се раѓаат хитови и се испишуваат едни од најубавите страници од македонската музичка историја. Традиционално, фестивалската приказна започнува со Вечерта на македонската фолк музика – вечер посветена на песната што ги чува нашите корени, ја раскажува нашата приказна и го пренесува духот на македонската традиција од генерација на генерација.

И оваа година сцената на Долни Сарај ќе биде домаќин на најдобрите претставници на македонската фолк музика. Пред охридската публика ќе настапат: Перо Христов, Кате Брезева и група Соната, Елена Андоновска, Мишко Крстевски, Смиља Митревска, Благица Калева, Горан Тодоровски, Анета Љумаковска и Анета Бенд, Драган Николовски – Даце, Петар Нечовски, Ивана Серафимова, Ангела Влинтовска… и уште многу познати музички имиња кои со своите нови песни ќе внесат свежина во современата македонска музичка сцена. Во вечер исполнета со искрени интерпретации и нови музички приказни, публиката ќе има можност да проследи премиерни изведби и композиции кои ќе го продолжат богатото музичко наследство создавано низ повеќе од три децении постоење на фестивалот.

Реклама
Во Твоја Зона

Посебна тежина на фестивалот и оваа година му дава директниот телевизиски пренос на Македонската радио-телевизија, долгогодишен медиумски партнер на „Охрид Фест“. Благодарение на националниот сервис, фестивалската атмосфера од Охрид ќе стигне до домовите на гледачите низ целата држава. Покрај МРТ, фестивалот ќе биде емитуван и на повеќе реномирани телевизиски куќи од регионот, меѓу кои Хајп телевизија од Србија, Телевизија Црна Гора, Хајат телевизија од Босна и Херцеговина и CMC телевизија од Хрватска, додека во тек се разговори за вклучување и на музичката телевизија Балканика од Бугарија.

Низ фестивалската вечер публиката ќе ја води препознатливото телевизиско лице Ирена Спировска, чија професионалност, харизма и позитивна енергија со години се дел од препознатливиот фестивалски амбиент. И по 33 години постоење, „Охрид Фест – Охридски трубадури“ останува верен на својата мисија – да биде мост помеѓу традицијата и современоста, помеѓу искусните уметници и младите музички надежи, помеѓу македонската песна и публиката која ја сака. Затоа и ова лето сите патишта повторно водат кон Охрид. Бидејќи постојат фестивали кои се посетуваат, но постојат и фестивали кои се паметат. „Охрид Фест 2026“ – таму каде што песните стануваат спомени.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ