Шоу Биз
Антониа Гиговска со спектакуларна промоција на новиот албум „Жена“ во Сули Ан
Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска го претстави својот најнов музички проект – албумот „Жена“, кој беше промовиран на 7 јуни во амбиентот на Сули Ан во Старата скопска чаршија. Настанот привлече голем број гости од јавниот живот, музички соработници, новинари, пријатели и членови на семејството.
Албумот содржи девет песни, од кои пет се нови композиции, а четири веќе ѝ се познати на публиката. Меѓу нив се и „7 дена, 7 ноќи“, „Папилеј“, „Хемисфери“, „Немој да ме палиш“ и „Прво види се себе“, кои веќе се достапни на нејзините официјални музички платформи.

Вечерта започна со средба со медиумите, каде што Гиговска зборуваше за создавањето на албумот, инспирацијата зад песните и соработката со долгогодишните музички автори Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Таа истакна дека токму нивната креативна енергија и професионалност придонеле албумот да добие препознатлив музички печат.
Сули Ан беше претворен во елегантен простор исполнет со декоративни детали, со што се создаде атмосвера достојна на светска ѕвезда. За музичката подлога во текот на вечерта беше задолжен диџеј Галоски, додека дополнителна динамика внесе настапот на неколку улични артисти.





На сцената се појави во впечатлива модна креација инспирирана од античките мотиви, таа пристигна на несекојдневен начин, со што предизвика воодушевување кај присутните.
Пред публиката беа претставени сите песни од новиот албум, придружени со специјално подготвени видео-содржини. Особени емоции предизвика изведбата на насловната песна „Жена“, кога на сцената ѝ се придружи нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски. Во акустична верзија со пијано придружба, тие ја изведоа композицијата која во изминатиот период стана еден од нејзините најпрепознатливи хитови.
За крај на вечерта следуваше музичко изненадување. На сцената се појави легендарната Благица Павловска, која заедно со Антониа ја отпеа познатата песна „Чукај, срце, чукај“, предизвикувајќи силни емоции и долг аплауз од присутните.
Со новиот албум „Жена“, Антониа Гиговска уште еднаш покажува дека успешно го гради својот музички пат и дека останува едно од најзначајните имиња на младата македонска музичка сцена.
Шоу Биз
Ѕвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
Секој вторник со почеток од 20Ч до 24Ч Слушајте ја Ѕвездени носталгии на ЗОНА М1 РАДИО
Никој не ја посакува. Никој не се моли за страдање. Но, речиси секој човек што оставил светла трага зад себе, најнапред ја испил својата горчлива чаша. Некој низ болест, некој низ сиромаштија, некој низ предавство, осаменост, загуба или тишина. И токму таму, каде што мислел дека сè завршува, започнувало неговото вистинско созревање.
Можеби затоа животот не нè прашува дали сме подготвени за искушенијата. Тој само нè прашува што ќе станеме откако ќе поминеме низ нив.
Не е голем оној што никогаш не паднал. Голем е оној што по секој пад станувал помудар, посмирен и поспособен да љуби. Не е силен оној што никогаш не заплакал. Силен е оној што и со солзи во очите не ја изгубил верата.
Запомнете… горчливата чаша не е крајот на животот. Таа е почеток на разбирањето. Таа нè учи дека без болка нема сочувство, без искушение нема духовна зрелост, без жртва нема вистинска љубов и без крст нема воскресение.
Додека не ја испиеме својата горчлива чаша, тешко можеме вистински да ја разбереме радоста. Не можеме целосно да го цениме здравјето додека не ја почувствуваме болеста, ниту верноста додека не го доживееме предавството, ниту Божјата близина додека не ја поминеме долината на тишината.
И кога еден ден ќе дојде мигот да си заминеме од овој свет, нема да биде важно колку лесен бил нашиот живот. Ќе биде важно дали сме ја испиле својата чаша со достоинство, со вера и со љубов, оставајќи зад себе мир, добрина и светлина во срцата на оние што ќе продолжат да живеат.
Нека Бог ви даде сила да ја носите секоја своја животна чаша, мудрост да ја разберете нејзината смисла и вера никогаш да не ја изгубите надежта. Зашто по секоја темнина доаѓа светлина, по секој крст воскресение, а по секоја горчлива чаша ако е испиена со вера доаѓа мирот што останува засекогаш.
Секој вторник со почеток од 20Ч до 24Ч Слушајте ја Ѕвездени носталгии на ЗОНА М1 РАДИО
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 3 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 2 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 1 неделаЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месециСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
