Поврзете се со нас

Шоу Биз

Премиер Бенд – музички состав која создава незаборавни моменти

Објавено

на

Кога станува збор за врвна музика, професионализам и атмосфера која долго се памети, името на Премиер Бенд е име, кое се споменува меѓу најбараните и најценетите музички состави во Македонија.

Со години наназад, бендот успешно настапува на свадби, приватни прослави, корпоративни настани, родендени и секаков вид свечености, оставајќи зад себе задоволни домаќини и гости кои со воодушевување ги прераскажуваат доживеаните моменти. Нивниот рецепт за успех лежи во спојот на извонредниот музички талент, богатиот репертоар и беспрекорната енергија која ја пренесуваат на сцената.

Во составот на бендот се докажани музичари и вокали кои со својата професионалност придонесуваат секој настап да биде вистински спектакл. Женскиот вокал е доверен на харизматичната и моќна Зорица Георгиевска, додека машкиот вокал го предводи Ненад Коцевски, чија интерпретација и сценско присуство освојуваат уште од првите ноти. Ритамот го одржува Горан на тапани, а виртуозните изведби на хармоника се заштитен знак на Гоце Јаневски. Музичката основа ја надополнува Влатко Петковски на бас-клавијатура, додека посебна магија на секој настап му дава Ерол Демиров со кларинет и саксофон.

Она што особено го издвојува Премиер Бенд е нивната способност да се прилагодат на секоја публика и секој настан. Од македонска народна музика, староградски песни и ора, па сè до поп, рок, забавна и модерна музика од домашната и балканската сцена – нивниот репертоар е богат, разновиден и внимателно избран за да ги задоволи сите генерации.

Гостите кои присуствувале на нивните настапи често велат дека Премиер Бенд не е само музички состав, туку вистинска машина за добра забава. Нивната енергија, комуникација со публиката и беспрекорна изведба создаваат атмосфера во која подиумот за играње останува исполнет од почетокот до крајот на настанот.

Реклама
Во Твоја Зона

Во време кога квалитетот и професионалноста се најважни, Премиер Бенд продолжува да го оправдува своето име, потврдувајќи дека припаѓа во самиот врв на македонската естрадна и свадбарска сцена. Со секој нов настап тие докажуваат дека музиката не е само професија, туку уметност која знаат да ја пренесат до срцата на луѓето.

За многумина, изборот на музика е најважниот дел од една прослава. Токму затоа сè повеќе семејства, младенци и организатори на настани ја доверуваат својата вечер на Премиер Бенд – состав кој знае како секој момент да го претвори во спомен за цел живот.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ЏОН ИЛИЈА АПЕЛГРЕН ОДБЕЛЕЖУВА 40 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА СО ЕКСКЛУЗИВЕН ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ ВО МНТ!

Објавено

на

Од

Македонската музичка сцена се подготвува за вечер посветена на врвната музика, џезот и уметноста! Еден од најпрепознатливите македонски џез-вокалисти, Џон Илија Апелгрен, на 31 октомври ќе одбележи четири децении музичко творештво со голем јубилеен концерт во Македонскиот народен театар во Скопје.

Под насловот „40 лета музика“, Апелгрен ја носи публиката на музичко патување низ својата богата кариера, исполнето со различни стилови, незаборавни настапи и композиции што оставиле белег во неговиот уметнички развој.

Концертот ќе биде ретроспектива на неговите музички почетоци, вклучувајќи го периодот со рок-групата „Деус“ од 1984 година, потсетување на култните настапи на „Макфест“, но и дел од успешната концертна серија „Музичка прошетка“, со композиции на француски, португалски и шпански јазик.

Реклама
Во Твоја Зона

Публиката ќе има можност да ужива и во безвременските композиции на маестро Драган Ѓаконовски – Шпато, како и во џез-стандардите од репертоарот на легендарниот Френк Синатра. Посебно место ќе имаат и премиерните изведби на авторски композиции на самиот Апелгрен, како и дела напишани специјално за него од истакнатиот македонски џез-пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски.

За музичката магија да биде комплетна, Апелгрен ќе настапи со џез-комбо состав со кој често соработува, овојпат збогатен со гудачки квартет. Специјален гостин на вечерта ќе биде нашиот реномиран џез-контрабасист Мартин Ѓаконовски, музичар со богато меѓународно искуство и соработки со врвни светски џез-имиња.

Реклама
Во Твоја Зона

Интересен момент е што Ѓаконовски е дел од музичката приказна на Апелгрен уште од неговите први џез-чекори, како член на составот М2, со кој започнува неговото посериозно навлегување во џез-музиката.

Музичките аранжмани и адаптации за овој специјален концерт ги потпишува Гордан Спасовски, кој во 2026 година победи на светски натпревар за најдобра џез-композиција за биг-бенд во Холандија.

Реклама
Во Твоја Зона

Јубилејот „40 лета музика“ не е само потсетување на четири децении кариера, туку и прослава на музиката што ги надминува границите на жанровите и јазиците. Вечер во која македонската музичка традиција, светските џез-стандарди и современото авторско творештво ќе се сретнат на една сцена.

Јубилејниот концерт на Џон Илија Апелгрен ќе се одржи на 31 октомври 2026 година, со почеток во 20 часот, во Големата сала на Македонскиот народен театар во Скопје.

Реклама
Во Твоја Зона

Вечер за љубителите на квалитетната музика, за оние што ги следат четирите децении творештво на Апелгрен, но и за сите што сакаат да доживеат врвна музичка уметност – „светско, а наше“!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ