Поврзете се со нас

Народна

Наум Петрески со нова емотивна балада „Една солза“

Објавено

на

Еден од најценетите и најпрепознатливи гласови на македонската народна музика, Наум Петрески, повторно ја допре душата на публиката со својата најнова музичка приказна насловена „Една солза“. Станува збор за моќна и искрена балада, во која доминираат емоцијата и длабочината – карактеристики по кои Петрески е препознатлив со децении.

Песната раскажува интимна животна приказна, проткаена со чувства што лесно се препознаваат и доживуваат. Автор на музиката и текстот е Јован Василевски, долгогодишен соработник на Петрески, чија креативна визија уште еднаш совршено се вклопува со интерпретаторската сензибилност на пејачот. Нивната заедничка работа повторно резултира со композиција која остава силен впечаток уште при првото слушање.

Со „Една солза“, Наум Петрески не нуди само нова песна, туку отвора и ново поглавје во својата кариера. Од неговиот тим најавуваат динамичен период исполнет со нови музички изданија, видеоспотови и внимателно одбрани соработки, кои дополнително ќе го збогатат неговиот богат музички репертоар и ќе ја потврдат неговата трајна вредност на македонската музичка сцена.

Реклама
Во Твоја Зона

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

„Фолк Фест Валандово 2026“ на 26 и 27 мај: Две вечери исполнети со македонска песна, емоции и нови хитови

Објавено

на

Од

Градот на калинките и годинава ќе биде домаќин на едно од најзначајните музички случувања во Македонија. На 26 и 27 мај ќе се одржи 39-тото издание на фестивалот „Фолк Фест Валандово 2026“, манифестација која со децении претставува симбол на македонската фолк музика, традиција и незаборавни мелодии.

Првата фестивалска вечер, која ќе се одржи на 26 мај на градскиот плоштад во Валандово, ќе биде посветена на безвременските валандовски хитови што оставиле длабока трага на македонската музичка сцена. Публиката ќе има можност повторно да ужива во добро познатите песни во изведба на еминентни музички имиња како Блага Петреска, Елена Велеска, Кате и Соната, Кристијан Божинов, Марјан Коцев и Мишко Крстевски. Во рамки на вечерта, мини концерт ќе одржи и еден од најактуелните фолк пејачи кај нас, Влатко Младиновски.

Посебен момент на вечерта ќе биде доделувањето на наградата за животно дело на легендарната Блага Петреска, како признание за нејзиниот долгогодишен придонес во македонската народна музика и богатото музичко наследство што го остави зад себе.

Реклама
Во Твоја Зона

Главната фестивалска вечер ќе се одржи на 27 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, каде ќе бидат промовирани 20 нови композиции кои претендираат да станат идни хитови на македонската фолк сцена. На сцената ќе настапат добро познати музички имиња, но и млади таленти кои допрва го градат својот пат.

Меѓу учесниците се: Благица Калева, Нино Величковски, Ивана Серафимовска, Дејан Николовски – Чуле, Мишко Крстевски, Благоја Грујовски, Даце Николовски, Лени Партикова, Горан Тодоровски, Распеани Валандовчани и други.

За време на гласањето, публиката ќе има можност да ужива и во мини концертот на Ленче Кукиќ.

На официјалната прес-конференција во Скопје, организаторите најавија дека и ова издание ќе понуди врвна музичка програма и атмосфера препознатлива за Валандово. Свои обраќања имаа градоначалникот на Валандово Ѓоко Камчев, уметничкиот директор Илчо Јованов, техничкиот директор Ѓоко Павлов и извршниот директор Горјан Стојановски.

Двете фестивалски вечери ќе бидат емитувани на Македонската радио телевизија, а низ музичката приказна публиката ќе ја водат водителите Зоран Ѓорѓиев и Ели Танасковски.

Реклама
Во Твоја Зона

На 26 и 27 мај Валандово повторно ќе стане центар на македонската фолк музика, место каде традицијата, емоцијата и новите музички приказни ќе се спојат во уште едно незаборавно фестивалско издание.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ