Поврзете се со нас

Народна

Најголемата кафанска журка во Скопје – три балкански ѕвезди, една ноќ и безброј хитови!

Објавено

на

Загревање пред Нова Година. Сабота, на 27 декември, арената „Јане Сандански“ ќе се претвори во најголемата Балканска кафана! На големата сцена ќе настапат три моќни музички ѕвезди кои гарантираат вечер исполнета со емоции, ритам и добра енергија – Барбара Бобак, Амар Гиле и Тијана М.

Публиката ќе ужива во вистинска кафанска атмосфера – музика во живо, танцување, добро расположение и незаборавни моменти до раните утрински часови.
Барбара Бобак ќе го освои публиката со својот заводлив глас и најголемите хитови, Амар Гиле ќе донесе страст, енергија и ритам што држи будни до зори, додека Тијана, вистинската кралица на кафаната, ќе внесе емоции и душа во секоја песна.

Настанот се најавува како најголемата журка во Скопје за оваа година, па не ја пропуштајте шансата да бидете дел од ноќ која ќе се памети!

Влезниците се веќе во продажба на vleznica.mk и на другите добро познати продажни места низ земјата.

Резервирајте го 27 декември уште сега – и подгответе се за вистинска балканска ноќ со музика, забава и емоции што ќе ве носат долго потоа!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

Александар Ицов одбележа 10 години успешна кариера и најави ново музичко поглавје

Објавено

на

Од

СКОПЈЕ, 29 јуни – Во свечена атмосфера во ресторанот „Рагуза“ во Скопје, македонскиот инструменталист и автор Александар Ицов го прослави значајниот јубилеј – десет години успешна музичка кариера. Настанот беше збогатен со промоција на два нови видеоспота за неговите најнови авторски инструментални композиции, со кои уште еднаш ја потврди својата посветеност кон зачувувањето и современото претставување на македонската музичка традиција.

Ицов, кој е препознатлив како виртуоз на повеќе инструменти, во новите дела успешно ги спои звукот на хармониката и гајдата, создавајќи композиции што го носат духот на македонскиот фолклор, но со модерен музички пристап.

Видеоспотовите се снимени на повеќе живописни локации во соседна Грција, а за нивната визуелна реализација беа задолжени тимовите на Арт Студио продукција и Балкан Музик телевизија, кои преку впечатливи кадри дополнително ја истакнаа емоцијата и убавината на композициите.

Реклама
Во Твоја Зона

Прославата на јубилејот воедно беше и можност Ицов да ги открие своите идни планови. Во наредниот период започнува снимањето на трет видеоспот, кој ќе се реализира во манастирскиот комплекс „Свети Георги Победоносец“ во селото Ораовица, во Радовишко. Со својата духовност, богата историја и природен амбиент, оваа локација ќе даде посебен печат на новиот музички проект.

Во изминатата деценија Александар Ицов зад себе остави бројни авторски композиции, стотици настапи и гостувања во земјата и странство, градејќи препознатлив музички стил. За него, инструментите не се само средство за изведба, туку начин преку кој ја раскажува приказната за македонската традиција, култура и идентитет.

Со секој нов проект Ицов докажува дека инструменталната музика има свое значајно место и кај современата публика. Неговата цел останува непроменета – преку автентичниот звук на хармониката, гајдата и македонскиот фолклор да го доближи богатото музичко наследство до љубителите на традиционалната музика, како во Македонија, така и надвор од нејзините граници.

Реклама
Во Твоја Зона

На одбележувањето на јубилејот и промоцијата на новите видеоспотови присуствуваше и екипата на Радио Зона М1, која ја следеше целата свеченост и ги пренесе атмосферата, впечатоците и пораките од овој значаен музички настан.

Десетгодишниот јубилеј претставува само уште една важна станица во кариерата на Александар Ицов, кој најавува дека најдоброто од неговото музичко творештво допрва следува.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ