Шоу Биз
Теа Таировиќ доаѓа во Скопје за спектакуларен концерт на 15 ноември 2025 година
Балканската поп ѕвезда, Теа Таировиќ, ќе го одржи својот голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 ноември 2025 година.
Овој настан се очекува да биде музички спектакл, исполнет со неверојатна продукција, уникатна сценографија и потпишан со маестрални кореографии. Покрај тоа, и костимите и светлосните ефекти ќе ја претворат арената во место на вистинска магија, а Теа гарантира дека концертот нема да биде само обична изведба, туку уметничко дело во кое секој детал ќе има своја длабока значење.

Со новиот албум кој веќе е објавен и кој предизвикува големо внимание во регионот, Теа отвора ново поглавје во својата музичка кариера. Скопската публика ќе има ретка можност првпат да ги слушне песните од овој нов проект, а исто така и некои од нејзините најголеми хитови кои ја направија една од најпопуларните ѕвезди на Балканот.
Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој музички спектакл на 15 ноември 2025 година. Веднаш обезбедете си билети и бидете сведоци на нешто уникатно и незаборавно!
Шоу Биз
Ѕвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
Секој вторник со почеток од 20Ч до 24Ч Слушајте ја Ѕвездени носталгии на ЗОНА М1 РАДИО
Никој не ја посакува. Никој не се моли за страдање. Но, речиси секој човек што оставил светла трага зад себе, најнапред ја испил својата горчлива чаша. Некој низ болест, некој низ сиромаштија, некој низ предавство, осаменост, загуба или тишина. И токму таму, каде што мислел дека сè завршува, започнувало неговото вистинско созревање.
Можеби затоа животот не нè прашува дали сме подготвени за искушенијата. Тој само нè прашува што ќе станеме откако ќе поминеме низ нив.
Не е голем оној што никогаш не паднал. Голем е оној што по секој пад станувал помудар, посмирен и поспособен да љуби. Не е силен оној што никогаш не заплакал. Силен е оној што и со солзи во очите не ја изгубил верата.
Запомнете… горчливата чаша не е крајот на животот. Таа е почеток на разбирањето. Таа нè учи дека без болка нема сочувство, без искушение нема духовна зрелост, без жртва нема вистинска љубов и без крст нема воскресение.
Додека не ја испиеме својата горчлива чаша, тешко можеме вистински да ја разбереме радоста. Не можеме целосно да го цениме здравјето додека не ја почувствуваме болеста, ниту верноста додека не го доживееме предавството, ниту Божјата близина додека не ја поминеме долината на тишината.
И кога еден ден ќе дојде мигот да си заминеме од овој свет, нема да биде важно колку лесен бил нашиот живот. Ќе биде важно дали сме ја испиле својата чаша со достоинство, со вера и со љубов, оставајќи зад себе мир, добрина и светлина во срцата на оние што ќе продолжат да живеат.
Нека Бог ви даде сила да ја носите секоја своја животна чаша, мудрост да ја разберете нејзината смисла и вера никогаш да не ја изгубите надежта. Зашто по секоја темнина доаѓа светлина, по секој крст воскресение, а по секоја горчлива чаша ако е испиена со вера доаѓа мирот што останува засекогаш.
Секој вторник со почеток од 20Ч до 24Ч Слушајте ја Ѕвездени носталгии на ЗОНА М1 РАДИО
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 3 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 2 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 1 неделаЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
-
Шоу Бизпред 5 месециСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
